Историски избори во Велика Британија: Конзервативците најверојатно ќе се соочат со голем пораз


Граѓаните на Велика Британија на 4 јули ќе гласаат на избори кои би можеле да бидат историски. Причината за тоа се предизборните анкети кои укажуваат на по малку неверојатен пораз на конзервативците, кои се на власт од 2010 година. Веќе 14 години, поточно од мај 2010 година, во Велика Британија владее конзервативното мнозинство, само или […]

Сунак: Велика Британија ќе ја доведе својата одбранбена индустрија на воена основа


Британскиот премиер Риши Сунак денеска за време на посетата на полскиот главен град Варшава рече дека ќе ја доведе одбранбената индустрија на земјата на воена основа, најавувајќи ново долгорочно финансирање од десет милијарди британски фунти (12,43 милијарди долари) за производство на муниција во контекст на руската инвазија на Украина. „Ќе ја доведеме британската одбранбена индустрија […]

Сунак свика состанок на Европската политичка заедница


 Британскиот премиер Риши Сунак ќе биде домаќин на европските лидери на состанокот на Европската политичка заедница во палатата Бленхајм во близина на Оксфорд на 18 јули, соопшти денеска британската Влада. – Драго ми е што Обединетото Кралство ќе биде домаќин на следниот состанок на Европската политичка заедница во историската палата Бленхајм, рече Сунак во изјавата, […]

Сунак: Важно е пролетва да почне депортацијата на мигрантите во Руанда


Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека очекува Обединетото Кралство во април да го почне депортирањето на барателите на азил во Руанда, придржувајќи се до првичната временска рамка за планот за кој моментално се расправа во парламентот. -Сè уште сум посветен на крајниот рок што го поставив претходно, што значи дека депортацијата почнува оваа пролет, […]

Сунак: „Владеењето на толпата“ ја заменува демократијата во Британија, ќе се преземат мерки


Велика Британија запаѓа во „владеење на толпата“ и полицијата ќе стори повеќе за да ја заштити демократијата во земјата, рече премиерот Риши Сунак, откако британската влада најави дополнителни средства за заштита на пратениците. – Има се поголем консензус дека владеењето на толпата го заменува владеењето на демократијата. И заедно, сите ние, тоа мора итно да […]

Сунак во посета на Украина, најави речиси три милијарди евра воена помош


Британскиот премиер Риши Сунак замина во ненадејна посета на Украина, каде што ќе има средба со украинскиот колега Володимир Зеленски, бидејќи Обединетото Кралство најави дека ќе обезбеди речиси 3 милијарди евра воена помош за таа земја во текот на следната година, пишува Гардијан. Како што е наведено, Зеленски ги притиска западните сојузници да и дадат […]

Риши Сунак: Премногу цивили се убиени во конфликтот Израел-Хамас


 Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека премногу цивили загинале во конфликтот меѓу Израел и Хамас и го обнови својот повик за „одржлив прекин на огнот“ за да се овозможи ослободување на заложниците. Портпаролот на Сунак посочи дека одржливиот прекин на огнот значи траен прекин, но додаде дека Велика Британија не се залага за целосен […]

Мелони и Сунак се договорија да го плаќаат враќањето на илегалните мигранти во земјата на потекло


Италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Риши Сунак денеска се договорија во Рим нивните земји да кофинансираат заеднички проект за доброволно враќање на мигрантите во нивните земји на потекло, пренесоа агенциите. -Масовните незаконски пристигнувања на мигранти на островот Лампедуза се недозволиви и неморални, рече Сунак на состанокот на партијата „Браќа на Италија“ во Рим […]

Сунак: Велика Британија „гордо стои“ на самитот КОП28


 Британскиот премиер Риши Сунак рече дека влијанието на Велика Британија на климатскиот самит КОП28 не треба да се мери со „поминати часови“ откако ја заврши својата 11-часовна посета со најава за нова инвестиција за ветерна електрана Dogger Bank во близина на источниот брег на Британија. Сунак рече дека договор вреден 11 милијарди фунти (13,94 милијарди […]

Бајден: Односите со Обединетото Кралство се „цврсти како карпа“


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека односите со Обединетото Кралство се „цврсти како карпа“ за време на разговорите во Лондон со британскиот премиер Риши Сунак, јавува Би-Би-Си. Сунак ги поздрави Обединетото кралство и САД како „двата најсилни сојузници“ во НАТО. Тие, исто така, разговараа за потегот на САД да и дадат на Украина контроверзни […]

Сунак повика да не се користат касетни бомби


Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека Лондон ја „обесхрабрува“ употребата на касетна муниција, посочувајќи дека Велика Британија е една од 123-те потписнички на Конвенцијата со која се забранува нивна употреба. Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Џо Бајден се согласи да испрати касетни бомби во Украина. – Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина против […]

Сунак нареди ревизија на законите кои ја опфаќаат порнографијата


Британскиот премиер Риши Сунак наложи ревизија на сите закони кои ја опфаќаат порнографијата по извештаите дека повеќе од четвртина од децата се сретнале со неа на интернет. „Владата сака да обезбеди сите закони и регулативи за порнографија да функционираат доследно за сите порнографски содржини“, рече Сунак. Минатата недела, британската Влада го поддржа амандманот на пратениците […]

Сунак доби поддршка од британскиот парламент за договорот за Северна Ирска


Британскиот премиер Риши Сунак денеска доби поддршка од Парламентот за клучниот елемент од ревидираниот договор за трговија со Северна Ирска по Брегзит и покрај противењето на најголемата унионистичка партија во Северна Ирска, ДУП, и некои конзервативни пратеници. Сунак се договори со Европската унија да ја воведе „Стормонтската сопирачка“ со цел да ѝ даде на Северна Ирска поголема контрола врз прифаќањето на какви било […]

Сунак му ветил на Макрон 480 милиони фунти за спречување на миграцијата преку Ла Манш


 Велика Британија во следните три години ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за инвестирање во полициските сили, технологијата и разузнавањето, со цел да се намали бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на нејзините брегови, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак. Британските медиуми потсетуваат дека за британскиот премиер запирањето на пристигнувањето на бродовите […]

Британскиот премиер најави нови закони за регулирање на протести


Британскиот премиер Риши Сунак најави дека неговата влада ќе објави нови нацрт-закони за да ги спречи протестите што се шират во Велика Британија и ѝ отежнуваат на полицијата да спречи сериозни нарушувања во функционирањето на општеството. Во последните години протестите, кои главно се организираа поради еколошки прашања, затворија големи делови од центарот на Лондон и […]

Сунак: Проблемите на Велика Британија нема да исчезнат во 2023 година


Велика Британија мина низ тешки 12 месеци и проблемите нема да исчезнат во 2023 година, но крунисувањето на кралот Чарлс Трети ќе помогне да се обедини земјата, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак во своето новогодишно обраќање. Сунак рече дека Велика Британија претрпе „тешки економски последици“ оваа година поради војната во Украина. Тој додаде дека неговата влада донела „тешки, но праведни одлуки […]

Сунак: Заврши „златната ера“ во односите со Кина


Британскиот премиер, Риши Сунак, изјави дека е завршена т.н. „златна ера“ во односите со Кина, објави денеска „Би-Би-Си“. Во своето прво надворешнополитичко обраќање Сунак оцени дека блиските економски врски меѓу Велика Британија и Кина од претходната деценија биле наивни. Според него, Обединетото кралство треба да го замени желбите со цврст прагматизам кон своите конкуренти, нагласувајќи […]

Сунак ја прифати оставката на министерот Вилијамсон


  Британскиот премиер Риши Сунак вчеравечер ја прифати оставката на Гевин Вилијамсон како министер без ресор, откако во јавноста се појавија обвинувања дека извршил мобинг врз колеги и навредувал близок соработник на поранешната премиерка Лиз Трас. Министер Вилијамсон прво синоќа ја соопшти својата оставка од новата конзервативна влада, откако беше обвинет за „неморално“ однесување и […]

Сунак денеска и официјално ќе стане нов британски премиер


Новиот лидер на Конзервативната партија, Риши Сунак, денеска ќе стане британски премиер. Владата го објави денешниот распоред, според кој премиерката во заминување Лиз Трас во 9 часот по локално време ќе го има својот последен настап со кабинетот, по што треба да одржи говор пред Даунинг стрит 10, јави Би-би-си. Потоа, во 10:15 часот по […]

Сунак, Мордант и Трас во трка за лидерското место во британската Конзервативна партија


Доскорешниот министер за финансии Риши Сунак е во предност и по четвртата рунда гласање за наследник на Борис Џонсон на лидерското место во британската Конзервативна партија и на премиерската функција. При гласањето елиминирана е поранешната државна секретарка за родова рамноправност Кеми Бејднок. Сунак беше поддржан од 118 пратеници, Мордант доби 92 гласа, Трас – 86, […]