Зеленски: Руската офанзива во Суми не успеа


Три лица беа убиени во руски напад рано наутро во северниот украински Сумски регион, изјави регионален функционер, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обидите на Москва да напредува во областа не успеале со големи загуби. Руските сили се вклучени во долг, исцрпувачки напад по должината на фронтот од 1.000 километри низ источна Украина, но […]

Русија испраќа дополнителни сили во Суми заради засилување на офанзивата


Руското воено раководство одлучи да ја зајакне офанзивата во регионот Суми со испраќање дополнителни сили, вклучувајќи две бригади на морнаричката пешадија (40-та и 177-та) и два полка на територијалната одбрана на Руската Федерација. Овие сили, заедно со 155-та бригада на морнаричката пешадија, вршат притисок врз украинските одбранбени линии во селата Варачине и Мала Корчаивка. Според […]

САД ја одбија резолуцијата на Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми


САД одбија поддршка за заедничката резолуција на сојузниците од Г-7 за осуда на рускиот напад во Суми, при што загинаа 35 лица, јави синоќа агенцијата „Блумберг“. Според извештајот, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ова го образложила со желбата да „се задржи простор за преговори“ со Москва за крај на војната во Украина. Како што наведуваат […]

Гувернерот на Сумската област потврди дека имало собир на воен персонал во украинскиот град Суми


Гувернерот на украинската област Суми, Володимир Артјух, потврди дека во градот имало собир на воен персонал за време на рускиот ракетен напад, но рече дека тоа не било на негова иницијатива, јави ДПА. Володимир Артјух синоќа за информативната веб-страница „Суспилне“ изјави дека бил поканет на собирот. Тој не откри кој ја иницирал средбата, истакнувајќи: „Тоа […]

Руски ракети убија 34 лица во Суми, Трамп вели Русија по грешка го гранатирала центарот на градот


 Две руски балистички ракети вчера го погодија самиот центар на северниот украински град Суми, при што загинаа најмалку 34 лица, а беа повредени 117, во најсмртоносниот напад врз Украина оваа година, соопштија украинските власти. На нападот реагираше и Трамп. Тој рече дека рускиот напад врз Суми бил страшен. -Мислам дека е страшно. Ми кажаа дека […]

Украина: Нема повеќе руски војници во Суми


Руските трупи го напуштија регионот Суми во североисточна Украина, соопшти Дмитро Живјицки, началникот на регионалната администрација, пренесува ДПА. Живјицки на својот „Фејсбук“ статус посочи дека во регионот сега повеќе нема руски војници. Тој го информира локалното население дека доколку слушне експлозии, тоа е поради активностите што на терен ги спроведуваат спасувачките служби и деминерите за […]

МКЦК: Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија украинскиот град Суми


 Повеќе од 100 автобуси со неколку илјади цивили го напуштија опколениот град Суми во североисточна Украина во операција „безбеден премин“, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). „Автобусите со ознаки на МКЦК се упатуваат кон градот Лубни во централна Украина, но можеби нема да можат да ја користат директната рута“, изјави портпаролот на МКЦК, Џејсон […]

Планирани три коридори за евакуација од Суми во североисточна Украина


Украинските власти планираат денеска да отворат три коридори за напуштање од регионот Суми во североисточна Украина, според шефот на регионалната администрација Дмитро Живицки. Коридорите треба да ги водат луѓето на безбедно во Полтава во централна Украина, околу 170 километри јужно од Суми, објави Живицки на Телеграм. Тој рече дека е планиран прекин на огнот во […]