Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието


Пред пратениците во рамки на 51. седница на Собранието е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година. Во Извештајот објавен на собраниската веб-страна се посочува дека во текот на 2024 година, Советот во рамки на 39-те одржани седници извршила избор на судии и претседатели на судови, избор и […]

Билјана Иванова ќе биде вршител на должност претседател на Основен суд Берово


Судскиот Совет денеска донесе одлука судијката Билјана Иванова од Основен суд Струмица да биде времено упатена како вршител на должност претседател на Основен суд Берово. Беа донесени и одлуки за престанок на повеќе судии поротници на Основен суд Струга поради истек на мандатот, а беа и избрани нови судии поротници во судот во Струга. На […]

Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет


Судиите денеска гласаат за два нови члена на Судскиот совет, еден од редовите на врховните судии и еден од апелационо подрачје Битола. На избирачките ливчиња од редот на врховните судии се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, а од битолското апелациско подрачје се судиите Александар Камбовски, Татјана Сусулеска – судии на Апелационен суд Битола и […]

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор


  Судскиот совет  на итната седница на полноќ му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција. Како што соопштија од Судскиот совет, на седницата се расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет […]