Италијанските власти го кренаа на највисоко степенот на опасност за вулканот Стромболи


Вулканската активност на островот Стромболи, северно од Сицилија, ги натера италијанските власти вчера да го покренат нивото на тревога од портокалово на црвено, јави ДПА. Локалните авторитети ги повикаа жителите на островот да ги следат упатствата на цивилната одбрана. Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека на Стромболи е регистрирана зголемена вулканска активност. […]