СТО ја зголеми прогнозата за глобалната трговија за годинава – но следната година не изгледа толку добро


Светската трговска организација во вторникот ја зголеми својата прогноза за раст на глобалната трговија во 2025 година, но предупреди дека изгледите за 2026 година се влошени. Во својот последен извештај „Перспективи и статистика за глобалната трговија“ објавен во вторник, СТО предвиде дека растот на обемот на трговијата во 2025 година ќе изнесува 2,4%, што е […]

СТО: Обемот на светската трговија најнизок во последните 80 години


Трговијата што е во согласност со прописите на Светската трговска организација (СТО) опадна на најниско ниво од крајот на Втората светска војна, предупреди генералната директорка на органзиацијата, Нгози Оконџо-Ивеала. Американскиот претседател, Доналд Трамп, годинава воведе високи царини за голем број трговски партнери што предизвика лавина од одговори и поттикнувајќи тензии во трговските односи. Во такви […]

Кина поднесе жалба до СТО поради дополнителните царини на ЕУ за електричните возила


Властите во Пекинг денеска официјално поднесоа жалба до Светската трговска организација поради дополнителните царини на Европската унија за електричните возила произведени во Кина. Министерството за трговија на Кина, според сопствените зборови, со жалбата сака да ги заштити развојните интереси на индустријата за електрични возила и смета дека високите царини на Европската унија се пример за […]

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради царините на Канада за електрични возила


Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради канадското воведување дополнителни царини за електрични возилапроизведени во оваа азиска земја, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија. Пекинг смета дека царините за кинеските електрични возила и другите производи од челик и алуминиум во Канада се „репресивна мерка“ која е незаконска. Кон крајот на август, Канада најави воведување […]

СТО чекор поблиску до меѓународните правила за електронска трговија


Земјите учеснички во иницијативата за договор за електронска трговија во рамките на Светската трговска организација (СТО), меѓу кои и Словенија, по преговорите првпат го објавија текстот на идниот договор за електронска трговија. Според Министерството за економија, бенефит од ова ќе имаат потрошувачите и компаниите, особено малите и средните. Во рамките на СТО, на 26 јули […]

СТО предвидува опоравување на светската трговија и покрај ризиците од конфликтите


Светската трговска организација (СТО) денеска соопшти дека предвидува опоравување на глобалната трговија годинава, но конфликтите, геополитичките тензии и неизвесноста на економската политика претставуваат значителни негативни ризици. СТО очекува обемниот раст во глобалната трговија со стоки да изнесува 2,6 отсто во 2024 година (споредено со прогнозата од 3,3 отсто во октомври) и 3,3 отсто во 2025 […]

Кина поведе постапка против САД во СТО поради субвенциите за електрични автомобили


Кина почна постапка против САД во Светската трговска организација (СТО) поради „дискриминаторските“ субвенции за производство на електрични автомобили, соопшти денеска кинескиот комитет при СТО. Во соопштението се посочува дека Кина покренала постапка поради „во основа, дискриминаторски субвенции“ во американскиот Закон за намалување на инфлацијата (ИРА), што, како што наведуваат, резултираше со исклучување од американскиот пазар […]

Токио до СТО: Неприфатлива е кинеската забрана за увоз на јапонска морска храна поради Фукушима


Јапонија и порача на Светската трговска организација (СТО) дека кинеската забрана за јапонска морска храна по ослободувањето на пречистената вода од нуклеарната централа Фукушима е „целосно неприфатлива“. Во контрааргументот на известувањето од Кина до СТО на 31 август за нејзините мерки за суспендирање на увозот на јапонски морски производи, Јапонија рече дека ќе ги објасни […]

Стабилизација на светската трговија на почетокот на годината


  Светската трговија се стабилизираше во првиот квартал, а закрепнувањето би можело да се забрза до средината на годината, покажа во средата извештајот на Светската трговска организација (СТО). Барометарот на трговската размена на стоки во март беше за 3,4 поени повисок од крајот на минатата година и изнесуваше 95,6 поени, повторно приближувајќи се до основната […]

СТО: Растот на глобалната трговија годинава е помал од просекот


Стоковната размена годинава ќе порасне помалку од просекот, соопшти Светската трговска организација (СТО), и додаде дека закрепнувањето во 2024 година може да биде загрозено од продолжувањето на војната во Украина, разгорувањето на инфлацијата и заострувањето на монетарната политика. Обемот на трговската размена годинава ќе се зголеми за 1,7 отсто, посочува СТО, зголемувајќи ја прогнозата од […]

Сѐ повеќе земји го ограничуваат извозот на храна


  Земјите ширум светот ги олабавуваат регулативите за увоз и го ограничуваат извозот, особено на храна и ѓубрива, предупреди Светската трговска организација (СТО). Во 12-те месеци до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки за поттикнување на трговијата отколку ограничувања, утврди СТО. Месечно, во просек се воведени најголем број мерки за унапредување на […]

Русија, засега, не се повлекува од СЗО, СТО и ММФ


Русија засега нема да се повлече од Светската трговска организација (СТО), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската здравствена организација (СЗО). Сепак, има прашања за нивната работа, изјави портпаролката на Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвијенко. – Голем број меѓународни организации ги губат своите цели и мисии кои некогаш биле воспоставени, поради огромниот притисок. Тоа […]

Се заканува ли економска студена војна


Земјите треба двапати да размислат пред да ги поделат економиите и синџирите на снабдување во политички блокови, изјави генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала во интервју за „Политико“, само неколку дена пред министерската конференција на организацијата. „Треба внимателно да размислиме пред да зборуваме многу невнимателно за раздвојување и деглобализација“, рече Оконџо-Ивеала, тврдејќи дека […]

Русија планира да ги напушти СТО и СЗО


Руското Министерство за надворешни работи му предложи на Парламентот да ги поништи руските договори со Светската трговска организација (СТО) и Светската здравствена организација (СЗО), изјави заменик-претседателот на Државната дума, Пјотр Толстој. – Министерството достави до Државната Дума список на договори кои заедно со (горниот дом на парламентот) Советот на федерацијата ќе предложиме да се поништат, Толстој. Тој рече дека […]

СТО ја намали прогнозата за раст на светската трговија за 2022 година


Војната во Украина ќе ја погоди глобалната трговска размена оваа година, предупреди Светската трговска организација (СТО), намалувајќи ја прогнозата за раст и предупредувајќи дека последиците ќе ги почувствуваат луѓето ширум светот преку повисоките цени на храната и енергијата. Светската економија годинава ќе порасне за 2,8 отсто, предвидува СТО, намалувајќи ја сегашната прогноза за 1,3 процентни […]

ЕУ ја тужи Британија пред СТО поради зелените субвенции


Европската унија ја започна својата прва тужба против Велика Британија пред Светската трговска организација (СТО), тврдејќи дека при доделувањето зелени субвенции ги фаворизира домашните компании. Според Европската комисија, критериумите што ги користи британската влада за доделување субвенции за проекти за изградба на ветерници на море се во корист на британските компании. „Ова го прекршува основниот […]

ЕУ ја тужи Кина во СТО заради Литванија


Европската унија соопшти дека поднела тужба против Кина во Светската трговска организација (СТО) поради дискриминаторски трговски практики кон Литванија. Постапките на Кина се дискриминаторски и незаконски според правилата на СТО и ги кршат правата на извозниците и во Литванија и во другите земји-членки на ЕУ, бидејќи тие влијаат на литванските производи извезени од други земји […]

САД: Одлуката на СТО за царини од Кина е разочарувачка, потребна е реформа на организацијата


Американската администрација соопшти дека одлуката на Светската трговска организација (СТО) да и дозволи на Кина да воведе компензациски царини во износ од 645 милиони долари против САД е „длабоко разочарувачка“ и ја нагласи потребата од реформи на СТО. Според американските  власти, одлуката на СТО „ги одразува погрешните толкувања на Апелациското тело што ја оштетува способноста […]