Промоција на стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска во Струга


 Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска. Авторката е поетеса и студентка на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет во Скопје. Ковачевска Китановска е авторка на стихозбирките „Кожена душа“, за која ја освои наградата „Антев часовник“ во 2019 година на манифестацијата „Антево перо“ […]

Промоција на стихозбирката „Како денес како секогаш: (песни)“ од современата бугарска поетеса Светла Радкова


Во организација на НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје, Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и издавачката куќа „Макавеј“, денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Како денес како секогаш: (песни)“ од современата бугарска поетеса Светла Радкова. Како што информираат од „Макавеј“, препевот од бугарски е на Валентин Таневски. Како промотори се најавени Душко Крстевски и Бранко Цветкоски. […]

Промоција на стихозбирката „Ѕвонливи тишини“ на Верица Мукоска, добитник на наградата „Бели мугри“


Во рамки на традиционалната манифестација „Денови“ вечер од 18 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ ќе биде промовирана стихозбирката „Ѕвонливи тишини“ на Верица Мукоска,  добитник на наградата „Бели мугри“ за најдобра поетска книга од автор до 35-годишна возраст. На манифестацијата ќе говори директорот на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, Сафет Камбери, а […]

Промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од Марија Велинова


Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана  стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од младата поетеса Марија Велинова, издание на ПНВ Публикации од Скопје.  Книгата ќе ја промовира проф. д-р Владимир Мартиновски, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска.  Мартиновски во поговорот кон книгата, меѓу другото, истакнува дека Велинова „низ лирските авантури навистина успева […]

Промоција на стихозбирката „Per Aspera Ad Astra“ од Оливера Доцевска


 Во Друштвото на писатели на Македонија, денеска ќе биде промовирана новата поетска збирка на авторката Оливера Доцевска „Per Aspera Ad Astra“, во издание на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје. За поезијата на Доцевска ќе зборува м-р Ирена Јурчева. Книгата е зборник на необјавени песни на поетесата Доцевска, песни кои низ душевната […]

Здружението „Диван“ објави стихозбирка „Мостови на пријателство 6“


  Здружението „Диван“ по шести пат објави стихозбирка „Мостови на пријателство“, традиционално по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. Во годинашната збирка се застапени песни од 112 автори кои во нив пренесуваат универзални пораки за љубов, мир, разбирање и почитување меѓу луѓето. -Со оглед на фактот што писателите припадници на помалобројните заедници, особено Бошњаците, […]

„Сраснато дете“ – нова стихозбирка на Игор Поп Трајков


Во Домот на култура Кочо Рацин вечер со почеток во 20 часот ќе биде промовирана новата стихозбирка „Сраснато дете“ на Игор Поп Трајков.   Промоцијата ќе биде проследена со читање на стиховите од „Сраснато дете“ од страна на авторот на визуелно предизвикувачки локации.   За стихозбирката, рецензентката проф. др. Лорета Георгиевска-Јаковлева истакнува дека е внимателно дозирана со значења, естетски […]