Стефковски ги засука ракавите – тргна неколку коли од калта


Под паролата „Акција за почитување на законот и заштита на зелените површини“, градоначаклникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска во соработка со МВР и ЈП Градски паркинг, спроведе акција на патниот правец R-1102, во близина на пазарот за стари работи, од каде со „пајак-службата“ отстранија неколку автомобили, паркирани покрај патот – во калта. Тој, […]

Стефковски потпиша договор за бесплатна градинка на дечиња Роми – ќе влезат ли и децата од Вардариште?


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека потпишале важен договор за поддршка на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински детски градинки“, со кој обезбедуваат целосно бесплатен престој и инклузија на овие дечиња во предучилишното образование. „Инклузијата се спроведува во клоновите на ЈУДГ 25 Мај, каде што родителите се целосно ослободени од […]

Утврдено кој загадува во Аеродром и Гази Баба – градоначалникот изненаден што е човечки фактор!


Неколку дена социјалните мрежи се полни поплаки од граѓаните на делови од Аеродром и Гази Баба, а за смрдеата се пријавуваше во општините, ЦУК, полиција и други надлежни институции. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски попладнево соопшти дека откриена е точната локација која е извор на загадувањето во Гази Баба и Аеродром, а не […]

Стефковски, доцна синоќа, на терен со инспектори и полицајци, ги бараа „загадувачите“


Заедно со инспектори и полиција, синоќа, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ги бараше загадувачите, затоа што повторно се ширеше остар мирис низ неколку маала.  „Сѐ уште сум на терен заедно со мешани тимови од Секторот за инспекција на Општина Гази Баба и полициски службеници. Вршиме контроли на критичните локации кои беа идентификувани како […]

Стефковски очекува да биде кандидат за градоначалник на Скопје


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците и советниците од општината направија увид на градежните работи за изградба на новото општинско основно училиште Крсте Мисирков. На прашање од медиумите упатено до градоначалникот Стефковски по однос на последната седница за тоа дали очекува да биде кандидат […]

Општина Гази Баба со повеќе проекти по парите од Владата


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, на која разговарале за проектите со кои општината ќе бара од ветените буџетски пари. – Го информирав министерот Перински за подготвеноста на општина Гази Баба за најавениот јавен повик од премиерот Христијан Мицкоски за финансирање на капитални проекти на […]

Се реконструира отворениот канал за атмосферски води во Стајковци


Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски изврши увид во реконструкцијата на отворениот канал за атмосферски води во Стајковци. Според него ова е првата фаза и опфаќа реконструкција на 430 метра во каналот, а целиот проект вкупно чини над 10 милиони денари пари издвоени од буџетот на општината. „Утрово направивме увид во градежните работи за реконструкција […]

Приведени лицата што му се закануваа на градоначалникот на Гази Баба


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М. , Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба, кој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково. […]

Градоначалникот на Гази Баба се пожали на Фејсбук дека секојдневно добива закани по живот


Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на својот Фејсбук профил објави дека секојдневно до него пристигаат закани по живот. Според објавата, заканувачите се закануваат и по безбедноста на неговото семејство. „Изминатиот период до мене се упатуваа директни и индиректни закани по мојот живот и безбедноста на моето семејство. Од вчера (10.09.2023 година), слободно можам да […]

(Видео) Во Гази Баба урнаа деловен објект – дивоградба, ќе се гради градинка


Денеска, инспекциските служби на општина Гази Баба со асистенција на Министерството за Внатрешни работи извршија рушење на безправно изграден деловен објект во населеното место Инџиково.   На рушењето покрај инспекциските служби присуствуваше и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој вели дека никој не е над Законот.     – Нема да дозволам урбаната […]

Стефковски од Гази Баба бара враќање на старите имиња на улиците


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово поднесе Иницијатива до Градот Скопје за враќање на старите имиња на улиците во општина Гази Баба. „Сакам да Ве информирам Вас и јавноста дека утрово поднесов Иницијатива до Градот Скопје со барање за враќање на старите имиња на 34 улици во општина Гази Баба. Имено на предлог […]

Градоначалникот на Гази Баба остро кон властите по повторната дојава за бомби во училишта


Во објава на својата официјална страна на фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се јави со остра реакција по повод пристигнувањето на нови дојави за бомби. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша: „Ме информираа дека се пристигнати дојави за поставени бомби во ООУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Стив Наумов“ и ООУ „Наум Охридски“. Од […]

Гази Баба ќе соработува со РЕДИ за рециклирање


Во рамки на РЕДИ Самитот  градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски потпиша меморандум за соработка со кој се обврза на иницијатива за воспоставување систем за примарна селекција на неопасен отпад. „На самитот потпишавме меморандум за соработка со кој се обврзуваме на иницијатива за воспоставување на систем за примарна селекција на неопасен отпад, подигнување на […]