Запленети стари монети вредни околу 2,35 милиони денари пронајдени во багаж на македонски државјанин
Стари монети со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари се пронајдени во багаж на македонски државјанин кој преку Меѓународниот аеродром – Скопје требал да патува во САД. Како што соопшти Царинската управа, монетите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство. -На 22.07.2023 година, околу 17 часот, на Меѓународниот аеродром […]