Денеска малото финале: Хрватска и Мароко во натпревар за третото место на СП2022 во Катар
Возбудувањата на Светското фудбалско првенство во Катар кое почна на 20 минатиот месец ќе кулминираат овој викенд со малото и големото финале. Како увертира на натпреварот за светската титула, попладнево од 16 часот ќе се одигра натпреварот за третото место меѓу актуелниот светски вицешампион Хрватска и најголемото изненадување на Мундијалот, Мароко. Хрватска во полуфиналето загуби […]