СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место


Репрезентациите на Франција и на Англија ќе играат натпревар за третото место на Светското фудбалско првенство 2026. Мечот ќе се одржи на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со почеток во 23 часот по македонско време. Франција и Англија се сретнале 32 пати во текот на нивната историја, при што Англија победила на 17, Франција победила […]

СП 2026: Финалето в недела само втор официјален дуел меѓу Аргентина и Шпанија


Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, […]

Њујорк Тајмс: ФИФА по СП 2026 спрема казни за играчите и тренерите кои ги критикуваа судиите


ФИФА ќе почека по завршувањето на Светското првенство за да им воведе санкции на играчите и тренерите кои го критикуваа судењето. Во текот на целиот турнир, судиите беа цел на остри критики, вклучително и од селекторот на Англија, Томас Тухел, швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи и селекторот на Египет, Хосам Хасан. ФИФА одби да коментира за […]

СП 2026: Почнува разврската за титулата, Франција за петто или Шпанија за второ мундијалско финале


Разврската за титулата на Светското фудбалско првенство почнува вечерва во 21 часот по средноевропско време во Далас кога во првата од двете полуфинални пресметки ќе се соочат Франција и Шпанија. Актуелниот светски вицешампион Франција и европскиот првак Шпанија досега имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар во историјата на мундијалските турнири кога во осминафиналето во 2006 […]

СП 2026: Халанд ја однесе Норвешка во осминафинале


Норвешка е првата европска репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во фудбал, откако вечерва во Далас триумфираше во првиот круг од нокаут фазата над Брегот на Слоновата коска со 2-1 (1-0). Норвешка дојде во водство во финишот на првото полувреме со голот на Антонио Нуса, а откако Амад Дијало го израмни резултатот, […]

СП 2026: Три фаворити пред првото нок-аут искушение


На Светското првенство денеска на програмата се три натпревари, на кои настапуваат два поранешни светски шампиони и еден финалист на мундијалите. Воедно ова за трите селекции кои ја имаат улогата е првото искушение во дуелите од нок аут фаза. Трите селекции во групните натпревари остварија по две победи и го искористија правото на „кикс“. Бразил […]

СП 2026: Канадскиот селектор горд на неговиот тим по големиот успех


Репрезентативците на Канада со триумфот над Јужна Африка први изборија пласман во осминафиналето, а победничкиот гол го постигнаа во судиското надополнување на вториот дел. Задоволството по триумфот секако беше огромно. – Настапот беше добар и дисциплиниран. Навистина сум горд на нашиот тим. И мислев дека беше заслужена победата и добро одигран натпревар. Општо земено, мојата […]

СП 2026: Во Атланта без победник Чешка и Јужна Африка одиграа 1:1


Второто коло на Светското првенство стартуваше со нерешен резултат откако во првиот натпревар Чешка и Јужна Африка одиграа нерешено 1:1. За две репрезентации ова е прв бод, откако во првото коло загубија. Чешка поведе во 6.минута со голот на Михал Садилек, додека Јужна Африка изедначи во финишот со голот од пенал на Техобо Монокоена во […]

СП 2026: Австрија го победи Јордан


Австрија рано утрово го победи Јордан со 3:1 во првото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Австријците поведоа со голот на Романо Шмид во 21. минута. Јордан израмни во 50. минута преку Али Олван. Автоголот на Јазан Ал-Араб во 77. минута донесе ново водство за фаворитот. Победата ја потврди 37-годишниот Марко […]

СП 2026: Ренар го менува Ламуши на кормилото на Тунис


Тунис брзо најде замена за Сабри Ламуши, кој беше отпуштен по првиот натпревар на Светското првенство. Федерацијата на Тунис, објави дека го назначувањето Ерве Ренар за другите дуели на Мундијалот. Ламуши беше разрешен од своите должности по поразот од 5:1 од Шведска на првиот натпревар од Светското првенство. Во соопштението, Туниската фудбалска асоцијација објави дека […]

СП 2026: По еден пораз селекторот на Тунис доби отказ


Фудбалската федерација на Тунис донесе одлука по само еден пораз на Светското првенство да го смени селекторот Сабри Ламуши. Тунис ноќеска загуби убедливо со 5:1 од Шведска, а високиот пораз беше причината за отказот. Ламуши е првиот селектор што доби отказ. Селекторот Ламуши беше само пет натпревари на клупата на Тунис, а ова за туниската […]

СП 2026: Куман разочаран по ремито со Јапонија


Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Роналд Куман, не е задоволен од нерешените 2:2 на неговите избраници на дуелот со Јапонија во првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. – Треба да се подобруваме како што напредува турнирот. Треба да играме подобро. Секако, би претпочитале да го добиеме првиот натпревар и очекувавме […]

САД го совладаа Парагвај 4:1. Феноменални голови за историјата на американскиот фудбал


САД го совлада Парагвај со 4-1 во Инглвуд во првото коло од групата на Светското првенство. Стрелци за домаќините беа Дамијан Бобадиља со автогол во 7., Фоларин Балогун во 31. и 45. и Џовани Рејна во осмата минута од судиското надополнување. Стрелец на единствениот гол за Парагвај беше Маурицио во 73. минута. САД поведоа во […]

Два гола, три црвени картони: Мексико ја совлада Јужна Африка на отворањето на СП 2026


Во воведниот натпревар на 23. Светското фудбалско првенство, домаќинот Мексико ја совлада вечерва Јужна Африка со 2-0 (1-0) пред 85.000 гледачи на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити во рамки на групата А. Мексиканската репрезентација тргна офанзивно од самиот почеток и веќе во 9. минута дојде во водство со голот на Кињонес, кој искористи грешка во […]

Мексико Сити одбројува до отворањето на СП 2026 на иконскиот стадион Ацтека


Мексико Сити се подготвува за отворањето на Светското првенство во фудбал во 2026 година вечерва во 21 часот по македонско време, кога домаќините ќе се соочат со Јужна Африка на иконскиот стадион Естадио Ацтека. Местото на одржување ќе стане првиот стадион во историјата што ќе биде домаќин на три натпревари од отворањето на Светското првенство. […]

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на денот на отворањето


Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град. -Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од […]

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите


Во Мексико Сити, 117.000 луѓе поминале специјална обука за добредојде на туристите за време на Светското првенство во 2026 година. информира Алехандра Фраусто, министерката за туризам на мексиканската престолнина. Според Фраусто, Министерството за туризам ја промовира програмата за обука. Меѓу обучените се работници во услужната индустрија, персонал во хотели и ресторани, транспортни работници, водичи, специјалисти […]

Португалија ја декласира Ерменија и избори пласман на СП 2026


Португалија денес ја совлада Ерменија со убедливи 9:1 во последниот натпревар од групната фаза од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026. Натпреварот се одигра на „Естадио до Драгао“ во Порто. Жоао Невес и Бруно Фернандеш постигнаа по три гола за домаќините, Ренато Веига, Гонсало Рамос и Франциско Консеисао имаа по една реализација. Единствениот погодок за […]

Фудбалерите на Египет се пласираа на СП 2026


Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство 2026, откако вечерва го победи Џибути со 3-0 во африканските квалификации. На едно коло пред крајот во квалификациската група А, Египет на првото место има недостижни пет бодови повеќе од второпласираната Буркина Фасо. Египет во 1934 година стана првата африканска земја која настапи на мундијалскиот турнир, […]

Жрепката за СП 2026 може да се одржи во Лас Вегас


Лас Вегас ќе биде домаќин на ждрепката за Светското првенство во ФИФА во 2026 година. Според „TUDN“ церемонијата на извлекување на групите ќе се одржи на 5 декември. Местото на одржување ќе биде „Сфера“ – музичка и забавна арена во Парадајс, источно од Лас Вегас Стрип. Светското фудбалско првенство во 2026 година ќе се одржи […]