Лавров ќе претседава со дебати во Советот за безбедност на ОН


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк каде денеска и утре ќе претседава со отворени дебати на министерско ниво во Советот за безбедност на ОН. Русија од 1 јули претседава со Советот за безбедност на ОН. Лавров денеска ќе учествува на отворена дебата за мултилатерална соработка, а утре ќе претседава со отворена […]

Денеска седница на Советот за безбедност на ОН за Косово


Во Њујорк денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, а Србија и Косово ќе ги претставуваат претседателите Александар Вучиќ и Вјоса Османи. Редовниот шестмесечен извештај за работата на Мисијата на ОН на Косово ќе го […]

СБ на ОН одлучи да одговори на барањето на палестинските власти за полноправно членство


 Советот за безбедност на ОН одлучи до крајот на овој месец да одговори на барањето на палестинските власти да добијат статус на полноправна членка на светската организација. За ова прашање било разговарано на вчерашната средба. Во септември 2011 година, палестинскиот претседател Махмуд Абас покрена иницијатива за „приклучување на државата Палестина во Обединетите нации“, која никогаш […]

Советот за безбедност на ОН уште еднаш го одложи гласањето за резолуцијата за Газа


 По промените во компромисниот нацрт за резолуцијата за Газа во Советот за безбедност на ОН, гласањето денеска повторно е одложено. Како што пренесе ДПА, неколку земји морале да се консултираат со нивните влади. Во разговорите зад затворени врати, некои членки на советот изразиле незадоволство од „разводнетиот текст за зголемување на хуманитарната помош за Појасот Газа“. […]

Советот за безбедност на ОН повторно без договор за Појасот Газа


 Советот за безбедност на Обединетите нации повторно не успеа да се договори за резолуција поврзана со решавањето на хуманитарната криза во Појасот Газа, предизвикана од актуелниот конфликт меѓу Израел и палестински Хамас, пренесуваат американските медиуми. По повеќе од два часа разговори зад затворени врати, вчера, останаа разликите меѓу членките на Советот за безбедност. САД повикаа […]

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН


Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста на Украина“. На седницата, како што соопштија од претседателскиот […]

Советот за безбедност на ОН ја одржа првата седница за вештачка интелигенција


Советот за безбедност на ОН ја одржа својата прва седница за вештачка интелигенција (ВИ), откако Велика Британија повика на меѓународен дијалог за нејзино влијание врз глобалниот мир и безбедност. Кинескиот претставник на седницата рече дека технологијата не смее да стане „меч со две сечила“, додека американските власти предупредија на можноста за користење на вештачката интелигенција […]

Словенија е меѓу новоизбраните непостојани членки на СБ на ОН


Генералното собрание на Обединетите нации денеска ги избра Гвајана, Сиера Леоне, Словенија и Јужна Кореја во Советот за безбедност на ОН со мандат од две години, почнувајќи од 1 јануари 2024 година. Алжир, Гвајана, Сиера Леоне и Јужна Кореја беа примени без противење за место во 15-членото тело одговорно за одржување на меѓународниот мир и […]

Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија новите непостојани членки на Советот за безбедност на ОН


  Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија вчера беа официјално примени во Советот за безбедност на ОН, каде што ги зазедоа своите места како непостојани членки со двегодишен мандат. Согласно традицијата што ја воведе Казахстан во 2018 година, амбасадорите на петте земји ги поставија своите знамиња покрај знамињата на другите земји-членки пред салата за состаноци […]

Советот за безбедност на ОН в понеделник ќе расправа за Украина


САД испратија барање за свикување средба на Советот за безбедност на ОН за Украина на 31 јануари, соопшти американската мисија во ОН. Сега е потребно целосно внимание на Советот и очекуваме директна и продуктивна дискусија в понеделник“, се вели во соопштението. Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил […]