Одбраната на сопственикот на дискотеката „Пулс“, побара куќен притвор, родителите негодуваа
Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека Пулс, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот, во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите […]