Малолетничка прегазена на „Борис Трајковски“, возачот избегал


Во средата, околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од […]

Во сообраќајката кај Тројаци настрадаа шестмина


Во неделата, во 14 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец Градско-Прилеп, пред мостот кај с.Тројаци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(27) од с.Горно Лакочереј, охридско и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(49) од с.Врбоец, крушевско. Во несреќата […]

Повредени две лица во сообраќајка на влезот во Делчево


Две лица се повредени и транспортирани и пренесени во Ургентен Центар Скопје по сообраќајна несреќа и удар на возило „рено“ во ѕид на влезот на Делчево. По несреќата на повредените лица им е укажана медицинска помош, по што со констатирани политрауми, со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.   […]

Тешко повредени две лица во сообраќајка кај Свети Николе


Тешко повредени се две лица во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Штип – Миладиновци кај бензинска станица кај Свети Николе. Несреќата ја потврди и портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова. Сообраќајката се случила околу 13:00 часот помеѓу возило „Голф“ со радовишки регистарски таблички и „Ауди“ со скопски регистарски таблички. Возилата се движеле во ист правец. Според информации од Клиничка […]

Тројца повредени во сообраќајка кај превојот Буково


Три лица се повредени во сообраќајна незгода што попладнево се случи на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на планинскиот превој Буково. Според првичните информации, во незгодата учествувале три возила, а причинета е и материјална штета. Повредените, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, се префрлени во Општата болница – Охрид и […]

Тешка сообраќајка во Влае, две повредени лица пренесени во болница


Во судир на два автомобила попладнево во скопската населба Влае тешко се повредени маж и жена, кои биле итно префрлени во болница, објави порталот Скопје1. Според информациите од очевидци, несреќата се случила во непосредна близина на „Влајко“ и мостот „Обединети нации“.