Сите осуммина повредени во нападот со нож во Германија се очекува да преживеат


 Германските власти денеска соопштија дека сите осум лица повредени во минатонеделниот смртоносен напад со нож во западниот град Солинген се очекува да преживеат. Херберт Реул, министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, рече дека повредените жртви ќе закрепнат. Три лица беа убиени во нападот во Солинген во петокот, што повторно ги разгоре дебатите […]

Исламската држава објави видео од наводниот напаѓач со нож во Солинген


Терористичката организација Исламска држава (ИД) објави видео на кое наводно се гледа осомничениот одговорен за фаталниот напад со нож во градот Солинген во западна Германија, јави ДПА. На околу едноминутното видео може да се види маскиран млад човек кој држи долг нож кон камерата. Тој на арапски му ветува верност на лидерот на Исламската држава, […]

Исламска држава ја презеде одговорноста за масакрот во Солинген: Еве која е причината


Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во германскиот град Солинген во кој маж со нож избоде три лица до смрт и рани осум. Милитантната група објави на Телеграм дека нападот го извршил еден нејзин член „како одмазда за муслиманите во Палестина и сите други места“, пренесе Хина. Нападот во петокот, во кој маж уби […]

Штајнмаер и Шолц: Напаѓачот во Солинген мора брзо да биде уапсен и казнет


 Претседателот и канцеларот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер и Олаф Шолц денеска изјавија дека напаѓачот кој уби три лица и рани осум во Солинген, на западот на земјата, мора наскоро да биде уапсен и најостро казнет. Во телефонски разговор со градоначалникот на Солинген, Тим Курцбах, Штајнмаер изразил сочувство за жртвите од нападот и изразил надеж за […]

Германската полиција уапси едно лице во врска со нападот со нож во Солинген


Едно лице е приведено во рамките на истрагата по синоќешниот смртоносен напад со нож во Солинген, западна Германија, соопшти денеска полицијата. Сторителот на нападот побегнал. Полицијата во Дизелдорф соопшти дека проверува дали уапсениот има „каква поврзаност со нападот“. Во нападот загинаа три лица, а осум се повредени. Нападот се случи додека десетици илјади луѓе во […]

Германската полиција во потера по извршителот на масакрот на фестивал во Солинген


Три лица загинаа, а пет се тешко повредени синоќа во напад со нож во градот Солинген во западна Германија. Полицијата презеде „голема операција за пронаоѓање на осомничениот, кој побегнал во метежот и паниката што настана по злосторството“. Според извештаите на медиумите, маж по случаен избор ги избодел минувачите на фестивалот на прославата на 650-годишнината на […]

Хорор на фестивал во Германија: Неколку лица загинаа во напад со нож, спасувачите се борат за животот на ранетите


Според првите информации има најмалку тројца загинати и неколку тешко повредени во крвав напад со нож на фестивал во Солинген. Неколку луѓе беа убиени во петокот вечерта кога маж по случаен избор избоде посетители на фестивал во западниот германски град Солинген. Околу 21 часот и 45 минути непознат маж ги нападнал посетителите на фестивалот на […]