На 119 компании исплатени 20 милиони евра од солидарниот данок, треба да се вратат уште 29 милиони


Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност. Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари. Компаниите […]

Почна исплатата на првиот дел од повратот на солидарниот данок


Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот […]

Половина од солидарниот данок ќе се исплати во март, другата половина идната година


Компаниите коишто во 2023 година уплатија средства во буџетот по основ на Законот за данок на солидарност во март оваа година ќе добијат половина од уплатените средства. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието. „Како што најавивме половина од уплатените 3 милијарди денари ќе […]

Почнува враќањето на солидарниот данок, компаниите дo УЈП треба да поднесат барање


Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок што компаните во 2023 година го уплатија во согласност со Законот за данокот на солидарност.  Од Министерството за финансии за МИА велат дека процесот за враќање на средствата уплатени согласно Законот за солидарен данок е започнат. – Донесен е Правилник […]

Ниту една компанија не се откажала од солидарниот данок, некои ќе ѝ ја простат каматата на Владата


На владина седница во вторник ќе се дискутира за солидарниот данок. Има голем дел компании што се откажаа од затезната камата, а нема компании што се откажале од главниот долг, рече на денешната  прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање.  – Во однос на солидарниoт данок, на последната владина седница, на зaтворена […]

Солидарниот данок ќе се враќа на две годишни рати, првата  во март идната година, а втората во 2027


Солидарниот данок во износ од речиси 50 милиони евра, што го уплатија 156 компании пред две години, ќе се враќа во две годишни рати, првата во март идната година, а втората една година потоа. Тоа значи дека државата за оваа цел треба да обезбеди значајни средства во буџетите за идната и за 2027 година. И […]

Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на Буџетот до компаниите е доставена фер понуда за начинот на враќањето на солидарниот данок што го воведе претходната влада, но Законот за оваа давачка беше поништен од Уставниот суд. До компаниите е доставен предлог исплатата на солидарниот данок да […]

Првата транша од унгарскиот заем за компаниите до крајот на месецов, солидарниот данок ќе се враќа во рок пократок од 5 години


До крајот на овој месец се очекува да биде исплатена првата транша од унгарскиот заем за поддршка на компаниите. Во дел од банките проекти веќе има одобрено и поднесено е барање за исплата до Развојната банка. Ова беше споделено на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Стопанската комора на Македонија, на која […]

„Макстил“ ќе си ги бара 4,3-те милиони евра од солидарниот данок, најверојатно ќе ги прости каматите


Скопски „Макстил“, компанијата која плати најголем износ за солидарен данок од дури 4,3 милиони евра, нема намера да ѝ ги прости овие пари на државата, иако, најверојатно ќе се откаже од побарувањето за камати што инаку ѝ следува. Исто така, подготвени се да разговараат за динамиката за поварт на овие средства со Министерството за финансии. […]

Уставен суд го поништи Законот за солидарен данок, државата ќе враќа 50 милиони евра на 156 компании


Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега имаат право во рок од пет години, доколку сметаат дека со тој закон им […]

Мицкоски не исклучува и кривична одговорност за солидарниот данок


Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека Владата ќе ја разгледа можноста за кривична одговорност на оние кои што донеле одлука за солидарниот данок, кој што е оспорен пред Уставниот суд и за околу две недели се чека конечната олука на судот дали парите ќе треба да се вратат на компаниите. „Ќе ја разгледаме и можноста […]

Парите од солидарниот данок ќе се вратат ако така пресуди Уставен суд, вели Димитриеска Кочоска


Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Законот за данок на солидарност, што доколку биде укинат од Уставниот суд би значело враќање на 49 милиони евра од Буџетот. Мојот став во однос на […]

Уставен суд поведе постапка за солидарниот данок, ќе враќа ли државата 50 милиони евра


Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Законот за данок на солидарност, соопштија од Уставниот суд.   Судот во оваа фаза од постапката ги прифати  дел од наводите во иницијативите на пет подносители како основани.  Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 […]

Ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот за 2024 година


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, одговорајќи на новинарски прашање, рече дека ако Законот за солидарен данок „падне“ на Уставен суд, средствата на компаниите ќе им се враќаат од буџетот наредната година. Битиќи не верува дека Законот ќе биде оспорен од Судот. -Кажав дека до овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот […]

Солидарниот данок ја „изеде“ добивката на „Макстил“


  Компанијата „Макстил“, која е водечка во челичната индустрија во земјава соопшти дека исплатата на солидарниот данок значајно влијаела врз остварената добивка во првите девет месеци од годинава. Во образложението кон постигнатите резултати на Макстил А.Д. Скопје за периодот јануари – септември 2023 година, доставено до Македонската берза се вели дека добивката пред оданочување во […]

УЈП нема да биде солидарна кон оние кои не платиле солидарен данок, по 24 ноември ќе блокира сметки


Заклучно со денеска се уплатени 2.210.108.927 денари по основ на солидарен данок  од страна на 98 даночни обврзници од вкупно 150. Тие што не платиле ќе добијат писмена опомена на 6 ноември, а доколку во меѓувреме не ја исполнат обврската ќе им биде блокирана сметката на 24 ноември. Директорката на Управата за јавни приходи Сања […]

До сега собрани 70 отсто од солидарниот данок


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е задоволен од одѕивот на компаниите по однос на Законот за солидарен данок. Собраните средства по овој основ, како што изјави денеска, ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани. – Одѕивот е соодветен. Мислам дека според последните информации околу 70 проценти е […]

Покрај оцена на уставноста за солидарниот данок, Стопанската комора бара и времена мерка


Плаќањето на данокот е еден начин на манифестирање на лојалност кон државата и токму во тој контекст Стопанската комора побара од Уставниот суд да го воведе инструментот времена мерка за солидарниот данок се додека не донесе конечна одлука дали со неговото воведување се крши Уставот, истакна денеска Анета Трајковска од Стопанската комора. Како што кажа, […]

Битиќи: Законот за солидарен данок е во сила се додека Уставниот суд не донесе каква било одлука


Се додека Уставниот суд не донесе одлука Законот за солидарен данок е во сила и компаниите кои се опфатени со него треба да го платат, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и додаде дека Владата ќе ја почитува одлуката на Судот каква и да биде. -Се додека Уставниот суд не одлучи како што […]

Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен


Стопанска комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен. Нејзините правни тимови велат дека ова законско решение „лебди во воздух“ по неколку основи, пред се, зашто е ретроактивно, непринципиелно и зашто не ја исполнува целта за која е наменето.  -Би било несоодветно министерот да каже дека немаме право да го оспориме Законот на Уставен […]