Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна
Одделението за внатрешни работи Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С. К. (24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член 353 од Кривичниот законик. […]