„Оставка веднаш“: СДСМ за навредите од министерката Димитриеска-Кочоска кон пратеничката Петровска


  Оставка од министерката за финансии Гордана Димитриоска-Кочоска побараа од СДСМ поради изречени навреди кон пратеничката Славјанка Петровска на вчерашната седница на Собраниетo. На прес-конференцијата пред Министерството за финансии, пратеничката Јованка Тренчевска истакна дека искажаните зборови од министерката не биле навреда само кон Петровска, туку кон секоја жена и човек што некогаш бил дискриминиран, омаловажен […]

Навредата на Димитриеска-Кочоска врз пратеничката Петровска предизвика ураган од реакции


  Пратеничките прашања денеска добија нова димензија, откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати отворени навреди кон Славјанка Петровска, при што ѝ порача дека не ја заслужува нејзината почит и запрепастувачки, ѝ го оспори правото на пратеничката од СДСМ да поставува прашање за потрошувачката кошница, поврзувајќи го тоа право со семејната состојба. За СДСМ станува […]

Синдикатот на професионални војници ѝ поднесе кривична на Славјанка Петровска


Поради тоа што веќе 11 месеци незаконски е спречено фунционирањето на Независниот синдикат на професионалните војници, тие денеска поднесоа кривична пријава против поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска и најавија дека ќе излезат и на протести пред владата доколку во најбрз можен рок не се одблокира синдикалното здружување кое пак се бори за правата на […]

Петровска: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија


Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска која на ден пред вонредните внатрепартиски избори ја повелече кандидатурата за претседател на СДСМ, преку соопштение вечерва оцени дека денешните избори биле спротивни на статусот и на принципите на социјалдемократијата, а новиот претседател е избран со 11 отсто од вкупниот број на членови на партијата. -Во […]

Петровска повика да се откажат изборите за претседател на СДСМ во недела, биле злоупотребени лични податоци на членовите


Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска ги повика останатите тројца кандидати да се откаже внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата кое треба да се одржи во недела. Петровска во изјава за медиумите рече дека изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал […]

СДСМ треба да се врати на идеолошките корени: Интервју со Славјанка Петровска


Храбра и одмерена, но и директна и многу прецизна во своите оцени и ставови – овие одлики Славјанка Петровска, поранешната министерка за одбрана и сега еден од четирите кандидати за претседател на СДСМ, ги потврдува и во интервјуто за Независен. Без заобиколување, таа многу конкретно посочува на причините кои доведоа до изборнот фијаско на СДСМ, […]

Потпишување договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО за патролирање над македонското небо


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец, ќе го потпишат Техничкиот договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо, соопштија од Министерството за одбрана. На потпишувањето на Техничкиот договор со кој […]

Петровска: Не постои политичка сила во државава што може да ја изнесе Македонија од НАТО


  Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, оценувајќи го можниот исход од изборите и разните идеи што произлегуваат од кандидатите, смета дека не постои политичка сила во земјава што може да ја изнесе Македонија од членството во Алијансата. Но, со оглед на тоа колку беше тивко ВМРО-ДПМНЕ изминатите две години околу Украина, таа очекува дека, ако […]

Тужбите кон Министерството за одбрана ќе станат минато, прекувремената работа сега ќе се плаќа целосно


Вработување без јавен оглас за критичните професии, плаќање на реален надомест за прекувремената работа, напредување според заслугите и спречување на партизација, отворање на АРМ за кадри со попреченост, за деца на умрени и загинати војници во АРМ и слични одредби се дел од првиот закон за вработените во АРМ, кој по повеќе месеци блокади од […]

Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд


Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет […]

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори


Од вкупно 1144 пријавени кандидати, на 150 професионални војници денеска свечено им беа врачени договорите за работа во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. – На Македонија и требаат храбри, подготвени и одлучни девојки и момци кои секогаш ќе бидат таму каде што е најпотребно, бранејќи ги државните интереси и штитејќи ги НАТО сојузниците, […]

Петровска и Агелер на презентацијата на опрема од воената вежба „Брз одговор 2023“


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД  Анџела Агелер, денеска присуствуваа на презентацијата на опрема од воената вежба „Брз одговор 2023“, на градскиот плоштад во Кавадарци. Вежбата на армискиот полигон Криволак, е дел од големата вежба „Европски бранител 2023“ и се спроведува од 22 мај до 2 јуни, со учество на пет земји […]

Министерката за одбрана поднела тужба против Ковачки, ќе бара постапка отворена за јавноста


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека поднела тужба против пратеникот Драган Ковачки, кој во вторникот на собраниска седница посветена на пратенички прашања изнесе серија обвинувања против Петровска и АРМ.  „Сѐ што Ковачки досега изнесе е невистина. Можеби можам да најдам оправдување за нападите врз мене, но не можам да најдам објаснување и оправдување […]

Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на земјите – членки на НАТО. Петровска и министрите за одбрана на 29-те сојузници на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата – одвраќањето и одбраната, како […]

Министерката за одбрана Петровска во официјална посета на Бугарија


Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со делегација од Министерството и од Армијата денеска престојува во еднодневна официјална посета на Бугарија. По официјалниот пречек со највисоки воени почести, министерката Петровска ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во бугарското Собрание ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана, […]

Петровска на средба со Донфрид, Брнз и Ескобар


Помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид во рамки на посетата на земјава денеска ќе се сретне и со министерката за одбрана Славјанка Петровска. Како што е најавено, на состанокот во Министерството за одбрана ќе присуствуваат и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз и заменик помошник државен секретар во […]

Петровска: Ако бидат побарани наши војници за зајакнување на Источното крило на НАТО ќе одговориме соодветно


Нашата безбедносна состојба е стабилна. Во моментот нема индиции за директни закани врз нас од безбедносен аспект. Засега не се регистрирани упади од аспект на хибридни закани или какви било посериозни дејствување, но повеќе институции во државата кои се задолжени дневно известуваат и се справуваат со некои помали облици на такви појави. Ова денеска го […]

Петровска: Немаме донесено одлука за испраќање припадници на Армијата на територија на источниот блок на НАТО


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека досега не е донесена одлука за испраќање на припадници на нашата Армија на територија на источниот блок на  НАТО. Доколку биде донесена таква одлука, вели Петровска, јавноста ќе биде информирана. – Република Северна Македонија, која е членка на НАТО, е подготвена да го сподели товарот со останатите, […]

Министерката Петровска во Лондон се сретна со специјалниот претставник за Западен Балкан, Стјуарт Пич


Министерката за одбрана Славјанка Петровска попладнево во Лондон имала средба со британскиот специјален претставник за Западен Балкан, сер Стјуарт Пич со кого разговарала за моменталната безбедносна состојба во Европа.  – Северна Македонија, по три децении стана полноправна членка на Алијансата и тоа во клучен момент за европската безбедност. Фактот дека нашата земја речиси две години […]