Сезонската авиолинија Скопје – Крф била откажана од комерцијални причини


 Од комерцијални причини, планираната директна сезонска линија од Скопје за островот Крф нема да биде воведена, дознава дописничката на МИА од Атина, од извори од грчката авиокомпанија „Егеан Ерлајнс“. Иако конкретното авионско поврзување меѓу Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Крф, ТАВ Македонија го соопшти на почетокот на април и најавија дека летот ќе биде воведен […]

Авионските летови до Крф и Атина прва жртва на повторно отворениот спор за името?


  Дали почнаа да се јавуваат првите последици откако повторно беше разгорен спорот за името со Грција, а новата претседателка и веројатниот иден премиер  го ставија под прашање Преспанскиот договор? Грчката авиокомпанија „Егеан ерлајнс“ (Aegean Airlines) ја прекина продажбата на билети за планираната нова линија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот […]

Авиолинија Скопје-Крф од 1 јуни со Ејџијан Ерлајнс


Директна сезонска авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот Крф  ќе биде воведена од 1 јуни годинава. Патувањето до оваа  летна дестинација ќе трае еден час и 15-тина минути, објави денеска ТАВ Македонија, операторот на македонските аеродроми. На линијата Скопје-Крф ќе лета грчката национална авиокомпанија Ејџијан Ерлајс, до крајот на септември, со две неделни фреквенции, […]