Кобајаши победи и на третата од четирите скокалници на „Новогодишната турнеја“
Германија- Јапонецот Рјоју Кобајаши ја забележа третата победа во третиот настап од „Новогодишната турнеја четири скокалници“.Тој попладнево победи на скокалницата во Бишесхофен. Кобајаши до триумфот стигна со скокови од 137 и 137,5 метри и вкупно 291.3 поени. Второто место го освои Норвежанецот Мариус Линдвик со скокови од 137,5 и 135,5 метри и вкупно 286,6 бода.. […]