Јаник Синер со неочекувана одлука


 Најдобриот тенисер на светот Јаник Синер беше принуден да донесе неочекувана одлука. Тој го откажа попладневниот тренинг, но сè уште е оптимист дека може да игра во четвртфиналето утре против Американецот Бен Шелтон. Синер во текот на денот направи и магнетна резонанца, но не беше виден на Вимблдон.  Италијанецот се жалеше на повреда на лактот, […]

Вимблдон: Димитров доминираше над Синер, но поради повреда го предаде мечот


Најголем губитник на годинашниов Вимблдон е Григор Димитров од Бугарија, кој во осминафиналето против најдобриот играч на светот Јаник Синер од Италија при водство од 2:0 во сетови (6:3 и 7:5) во третиот сет при резултат 2:2 во гемови поради повреда мораше да го предаде мечот. Последниот поен во мечот го освои Димитров со ас […]

Ништо од финалето на Ролан Гарос за Ѓоковиќ, загуби од Синер со 3-0


Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во големото финале на Ролан Гарос благодарение на победата од 3-0 во сетови над Новак Ѓоковиќ (Србија). Резултатот по сетови беше 6:4, 7:5, 7:6 (3). Синер во финалето ќе игра против Карлос Алкараз, кој денес го победи Лоренцо Мусети во првото полуфинале на Ролан Гарос.

Синер го победи Бублик во три сета и се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос


Светскиот рекет број еден Јаник Синер продолжи по потрагата на својата прва титула на Отвореното првенство на Франција со солиден настап и победа во три сета со 6-1, 7-5, 6-0 над Казахстанецот Александар Бублик за да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос. Успехот го направи Синнер првиот Италијанец со шест Гренд слем полуфиналиња, а […]

Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА, вели неговиот адвокат


Џејми Сингер, адвокатот на светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, го коментираше случајот со дисквалификацијата на тенисерот. – Сето тоа се случи многу неправедно. Од самиот почеток, судењето за Синер следеше „класично“ сценарио. Немаше посебен третман, само околностите под кои беше позитивен на тестот беа многу специфични. Јаник чувствува дека бил третиран доста грубо, […]

Сабаленка за случајот Синер: Не разбирам како да му верувам на системот


Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка го коментираше случајот со допинг со играчот број еден на АТП ранг листата Јаник Синер. На 15 февруари се дозна дека 23-годишниот Италијанец е дисквалификуван на три месеци поради кршење на антидопинг правилата. „Порано, мирно оставав чаша вода во ресторан и заминував, но сега не пијам од неа. Кога […]

Синер за тримесечната суспензија: Ја прифаќам одговорноста на моите соработници


Италијанскиот тенисер Јаник Синер објави соопштение во кое објаснува зошто се договорил со Светската антидопинг агенција (ВАДА) и прифатил тримесечна суспензија. Суспензијата за користење на забранетата супстанца клостебол е на сила од 9 февруари и ќе трае до 4 мај, што значи дека Синер прво ќе го пропушти турнирот во Доха, каде што беше прв […]

Синер суспендиран на три месеци


Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради случајот Клостебол, супстанца на која беше позитивен на тестот во март 2024 година (со концентрација помала од 1 милијардити дел од грам на литар). Постигнат е договор меѓу тенисерот број еден на АТП листата и ВАДА. Санкцијата започнува на 9 февруари и ќе трае до […]

Синер го доби трофејот за број еден во светот на крајот од сезоната


Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа во Торино го доби трофејот за број еден во светот на крајот од сезоната. Свечената церемонија се одржа пред натпреварот помеѓу Андреј Рубљев и Александар Зверев на завршниот АТП турнир. Синер се искачи на првата позиција на светската АТП ранг-листа за прв пат во јуни оваа година и оттогаш не […]

Синер ја запроси руската тенисерка Калинскаја


Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ја запроси руската тенисерка Ана Калинскаја, пренесува „Кориере дело спорт“. Според „Кориере“ 25-годишната спортистка добила предлог за брак на забава во Њујорк. Таа се согласила. Врската меѓу Синер и Калинскаја стана позната во мај оваа година. Тенисерите присуствуваа на натпревари кога играше едниот партнер неколку пати во текот […]

Синер за можната дисквалификација: Јас сум многу разочаран и изненаден


Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја коментираше веста дека Светската агенција за борба против допингување (ВАДА) планира да му биде доделена дисквалификација. – Искрено, јас сум многу разочаран и изненаден од оваа жалба на ВАДА. Имавме три сослушувања, сите завршија многу позитивно. Сега одеднаш доаѓа оваа информација. Знаете, не го очекував ова. Иако пред неколку дена […]

Синер е ослободен од сите обвиненија за допинг


 Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да не ја обжали одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА) до Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана, откако агенцијата пресуди дека Италијанецот Јаник Синер не направил ништо за намерно да се допингува, пренесе „Кориере дела Сера“. ИТИА на 20 август соопшти дека Синер двапати бил позитивен […]

Синер ја префрли вината за допинг скандалот на двајца соработници: Тандем доби отказ пред УС Опен


 Јаник Синер го започнува нападот на Гренд слем титулата во Њујорк без двајца негови поранешни соработници, откако ги отпушти Умберто Ферари и Џакомо Налди непосредно пред почетокот на Отвореното тениско првенство на САД (26 август – 8 септември). Првиот е фитнес тренер, вториот е физиотерапевт, а светскиот тенисер број еден очигледно ги смета за виновни […]

Синер ќе стане светски рекет број еден доколку Ѓоковиќ не стигне до финалето на „Ролан Гарос“


Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да стане првиот рекет на светот врз основа на резултатите на Ролан Гарос, дури и без учество на турнирот. За да се случи Синер да стане прв светски рекет, потребно е бранителот на трофејот на Грен слемот во Париз, Новак Ѓоковиќ да не стигне до финалето.  Ако Синер обезбеди полуфинале […]

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид


Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид. Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев – Јиржи Легечка. – Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар […]

Синер надмоќен против Димитров, го освои трофејот на Мастерсот во Мајами


Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа го победи бугарскиот репрезентативец Григор Димитров во два сета во финалето на Мастерсот во Мајами. Натпреварот траеше 1 час и 14 минути и заврши со резултат 6:3 и 6:1. Синер сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од осум брејк топки. Димитров имаше шест асови, една двојна […]

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами


 Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД. Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0. Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати […]

Синер го освои турнирот во Виена


Италијанскиот тенисер Јаник Синер денес го победи Русинот Данил Медведев во финалето на турнирот во Виена со 2:1, по сетови 7:6, 4:6 и 6:3. Мечот траеше 3 часа и 6 минути. За Синер ова беше десетти трофеј во поединечна конкуренција од АТП серија. Медведев кој е трет на АТП ранг-листата загуби второ финале во низа […]

Синер го победи Де Минор во финалето на Мастерсот во Торонто


  Италијанецот Јаник Синер го победи Австралиецот Алекс Де Минор во финалето на турнирот од серијата Мастерс во Торонто со 2:0, по сетови 6:4, 6:1. Мечот траеше 1 час и 30 минути. Осмиот светски рекет Синер сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше пет од 10 брејк топки. Де Минаура кој е 18-та […]