Сиљановска Давкова имала „средби за запознавање“ со грчкиот и бугарскиот премиер Главчев


 Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова објави дека на маргините на Самитот за мир во Украина остварила средби за запознавање со премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.  Во објава на Фејсбук Сиљановска Давкова истакнува дека со нетрпение очекува со Мицотакис и Главчев да се вклучат во продуктивни дискусии и оти мора да ги […]

Сиљановска-Давкова на мировниот самит за Украина повика на почитување на меѓународното право и принципи, без исклучок


Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова истакнала дека тековната војна во Украина нè засега сите нас. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа оценила дека Украина е изложена на огромно човечко страдање и уништување, […]

Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, пред почетокот на денешната пленарна сесија на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, на која треба да има свое обраќање, изјавила дека една од најважните пораки е дека кон војната во Украина треба да се однесуваме не како кон украински проблем, […]

Сиљановска-Давкова се сретна со полскиот претседател Анджеј Дуда


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Самитот за мир во Украина што се одржува во Швајцарија, денеска остварила средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда. Кабинетот на Сиљановска-Давкова информира дека на средбата биле разменети мислења за билатералните односи, за состојбите во регионот, европските интеграции и за глобалните безбедносни предизвици, како […]

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Самитот во Швајцарија за мир во Украина


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, денеска и утре во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина. Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот, информира претседателскиот Кабинет. […]

Продолжува посетата на Сиљановска-Давкова на Берлин на Конференцијата за обнова на Украина


 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја продолжува посетата на Берлин, Сојузна Република Германија, каде што учествува на Конференцијата за обнова на Украина. На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, учествуваат шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнисот и на граѓанскиот сектор. Сиљановска Давкова вчера се […]

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре во Берлин, Сојузна Република Германија, ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина, соопшти претседателскиот Кабинет. На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, е предвидено учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор. […]

Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација […]

Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада


 Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада. Од Кабинетот на претседателката за МИА ја потврдија информацијата.  Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието […]

Сиљановска – Давкова: Св. Кирил и Методиј покажаа дека со знаење може да се надминат ограничувањата


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. -Би сакала да упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Од сè срце ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, […]

Сиљановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители, попладне на средба со Матарела


Со посета на базиликата „Свети Климент“, каде се наоѓа гробот на Свети Кирил и на базиликата „Санта Марија Марџоре“ денеска во Рим продолжува посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Рим, Сиљановска Давкова ја предводи […]

Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател


Претседателот на НР Кина Си Џинпинг упати честитка до Гордана Силјановска-Давкова по повод нејзиниот избор за претседател на Република Северна Македонија, пренесува кинеската новинска агенџција Ксинхуа. Кина и Северна Македонија одржуваат длабоко традиционално пријателство, вели кинескиот претседател во честитката, додавајќи дека во последните години, практичната соработка меѓу двете земји постигна солиден напредок и донесе придобивки […]

Мицотакис ја повика Сиљановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за неделното издание на солунскиот весник „Македонија“, ја повика новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова „да избегне слични нелегални и провокативни“ избори и порача дека ратификацијата на трите меморандуми зависи и од тоа колку другата страна ќе се покаже доследна до меѓународните обврски, јави дописничката на МИА од Атина.  -Новата […]

Сиљановска Давкова на спектаклот „Валкира“: Културната дипломатија е помоќна од традиционалната 


Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, јави БГНЕС. Сиљановска на првото појавување во јавноста ја следеше бугарската изведба на операта „Валкира“ („Die Walküre“) од германскиот композитор Рихард Вагнер. Пред тоа таа се сретна со директорот на софиската опера и балет, Пламен Карталов. Сиљановска рече дека културната дипломатија […]

Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја реализира во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј. На 23 мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциско, а потоа и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан. Чествувањето […]

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети: Високото образование е клучно за просперитетот


  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје. Во соопштението до медиумите се вели дека на средбата на којашто присуствуваа ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, ректорот проф. д-р […]

Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова


Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова на вчерашните претседателски избори. – Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата, напиша Гор на Х. Според последните резултати објавени […]

Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова


Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идна заедничка соработка.  „Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановски-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори […]

Сиљановска-Давкова: Не се плашам од дебата, ќе видиме што ќе дебатираат


Денеска кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова, одржа митинг во Могила. Меѓудругото, Силјановска-Давкова рече: Се срамам кога гледам дека она што е гаранција за просперитетот на било која држава, ние го имаме но тие го крадат. Мислам на енергијата, мислам на водата, мислам на земјата, на земјоделието. „Далеку од тоа дека тие […]

Гордана Сиљановска Давкова во Маврово: Да запре еколошкиот и урбанистички хаос


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг беше во Mаврово каде што оствари средба со граѓани. „Маврово има посебна вредност за Македонија и затоа и државата и граѓаните мора да се грижат за оваа природна и човечка убавина. Мора да запре систематското уништување на животната […]