Сиљановска-Давкова ќе го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска на церемонија со почеток во 13:00 часот ќе го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година, што го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под нејзино покровителство. Како што соопштуваат од Кабинетот на македонската претседателка, признанието се доделува на домашни компании коишто придонесуваат за развојот на македонската економија […]

Сиљановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите


 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На настанот на претседателката и беше врачена благодарницата за нејзиниот придонес. -Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што […]

Сиљановска-Давкова: Планинарењето да се вклучи во наставните програми по физичко образование


Претседателката Гордана Силјановска-Давкова по повод 100-годишнината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“ повика на поголема поддршка и промоција на рекреативното планинарење, како и на негово интегрирање во образовниот систем. Таа истакна дека голем број држави веќе го имаат вклучено планинарењето во наставните програми по Физичко образование и го практикуваат како дел од филозофијата на здравиот […]

Сиљановска-Давкова на свечената академија по повод 100 години „Љуботен“: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење


Време е да ги следиме инспиративните примери на државите во кои рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата по Физичко образование во сите образовни институции и степени, туку и масовно се практикува како елемент на филозофијата на здрав живот, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“. Во […]

За Сиљановска-Давкова изборите биле здодевна изборна граѓанска слика


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за медиумите, таа рече дека очекува пристојни, фер и демократски избори. „Очекувам 30-годишното изборно искуство да се повтори, значи очекувам пристојни, фер и демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем […]

Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка


Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен […]

Сиљановска-Давкова во Италија: Ќе формира Совет за дијаспора


 Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да бидеме стандардна европска држава, во која младите ќе остануваат, со која иселениците ќе контактираат и ќе се враќаат, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во нејзиното обраќање на приемот, што по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, се одржа во Генералниот конзулат […]

Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони


Лидерите на Западен Балкан, меѓу кои и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони, а главна тема ќе биде европската перспектива на Западен Балкан, со посебен фокус на Планот за раст на регион. Процесот Брдо-Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, а нејзини […]

Сиљановска – Давкова од Детроит: Мораме да си ги задржиме врските во дијаспората, на тој начин опстојуваме


Ние мораме да си ги задржиме врските, да бидеме во постојана комуникација, мораме да си ја повратиме дијаспората, а тоа ќе го сториме преку набрзо формирање на советот за дијаспора, со регистар на луѓето, им порача претседателката Сиљановска – Давкова на македонските иселеници во Детроит при посетата на црквата „Света Богородица“. – Посакувам да бидеме […]

Силјановска-Давкова: Обединетите нации опасно се приближуваат до „моментот на Лигата на народите“


Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право. Нивната Повелба ја зацврсти суверената еднаквост на државите. Нејзините агенции се стремеа да создадат подобар свет, градејќи мир не само меѓу […]

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова


 Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга Стојаноска“ од село Долно Соње. Кабинетот на Сиљановска-Давкова соопшти дека гостите со голем интерес ја проследиле свечената церемонија на менување на државното знаме, […]

Сиљановска-Давкова посакува во Штип да се изгради хибриден клинички центар на НАТО


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во обраќањето на одбележување на Денот на Армијата – 18 Август во касарната во Штип, говорејќи за вложуивањата во Армијата и за зголемувањето на трошоците во рамки на НАТО, истакна дека во Штип би можел да се изгради хибриден модел на клинички центар на Алијансата, со што би се постигнала самоодржливост […]

Сиљановска – Давкова: Илинден е приказна што тече, се пишува и допишува со крв и солзи


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните со порака дека Илинден од 1903-та и асномскиот од 1944. се сржта на македонската историја, срцето на македонската Република, душата на македонската државност. -Илинден е сржта на македонската историја, Илинден е срцето на македонската република, Илинден е душата на […]

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре свика втора седница на Советот за безбедност


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за утре напладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, […]

Сиљановска-Давкова се сретна со Славески, во фокусот економијата и независноста на Народна банка


Претседателката Гордана Сиљановска-Давковa денеска оствари прва работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на којашто се разговараше за актуелните економски и монетарни состојби во земјата и важноста на стабилна и независна централна банка за долгорочниот економски развој. Претседателката Сиљановска-Давкова беше информирана за монетарната политика, стабилноста на девизниот курс, инфлациските текови и состојбите во […]

Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг


Зголемувањата на инвестициите во одбраната, зајакнување на колективната безбедност и случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на НАТО што почнува денеска во холандскиот град Хаг и на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.  Во пресрет на Самитот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вчера порача дека […]

Сиљановска Давкова во одбрана на гувернерот на НБМ: Славески е светски признат професор и експерт


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги отфрли како неиздржани критиките на опозицијата во однос на новиот гувернер Трајко Славески, напоменувајќи дека се работи за професор признат во светот, за човек кој не може да биде поврзан со ниту една афера, криминал или корупција и за експерт кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика […]

Силјановска – Давкова од Рим: Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик дека му се оддава почит на духовниот сесловенски татко


Тешко е човек да ја изрази импресијата по ваков настан иако јас по вторпат доаѓам овде, секогаш како да е првпат. Молебенот од вчера ќе го помнам цел живот. Беше прекрасно да се поклоните на некој на кој му се поклонува сиот словенски свет – на Кирил, на филозофот Константин, изјави претседателката Гордана Сиљановска – […]

Силјановска – Давкова положи венец пред спомен плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, денеска положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“. […]

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј, да градиме општество на знаење и меѓусебно почитување


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која порачува да се чува нивниот спомен и преку нивните дела да ја зацврстиме заложбата за градење на општество засновано на знаење, меѓусебно почитување и достоинство. – Овој ден е силен потсетник за трајната вредност на нивната мисија – […]