Сиднеј ја дочека Новата година со огномет и сеќавање на жртвите од плажата Бондај


Сиднеј ја дочека 2026 година со традиционален огномет, одржан со засилено присуство на полицијата, неколку недели откако вооружени лица убија 15 лица за време на еврејски настан на плажата Бондај. Околу 40.000 пиротехнички ефекти беа употребени на простор со должина од околу седум километри. Во Сиднеј се одржа помен за жртвите од нападот во 23 […]

Седум мажи со идеолошки врски со таткото и синот од Бонди уапсени во предградие на Сиднеј


Седум мажи за кои се верува дека имаат идеолошки врски со двајцата напаѓачи во терористичкиот напад на плажата во Бонди во неделата, се уапсени во југозападниот дел на Сиднеј, соопшти денеска полицијата на Нов Јужен Велс, јави ДПА. Седумте мажи, сите познати на полицијата, беа уапсени вчера од полицијата во предградието на Сиднеј, Ливерпул, откако […]

Во Сиднеј денеска ден на жалост поради масовното убиство на Бонди


 Во Сиднеј денеска е прогласен ден на жалост по најсмртоносното масовно пукање во земјата во последните три децении. Пукањето во неделата на плажата Бонди ја претвори прославата на еврејскиот празник Ханука во трагедија во која беа убиени 15 лица. Оваа трагедија ја потресе целата нација и ги зголеми стравовите од растечки антисемитизам и насилен екстремизам. […]

Напаѓачот од Бонди обвинет за 15 убиства


 Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање во неделата на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за 59 кривични дела, вклучувајќи 15 точки за убиство и една за извршување терористички акт, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Другиот напаѓач, неговиот татко Саџид Акрам (50), беше убиен во престрелка со полицијата на самото место. Петнаесет лица […]

„Тоа беше работа на совест“: Зошто ал Ахмед го ризикуваше својот живот во пукотницата во Сиднеј


  Кога Ахмед ал Ахмед тргна и се бореше да ја грабне пушката од наводниот стрелец на плажата Бонди во Сиднеј, тој едноставно мислеше дека „не може да поднесе да гледа луѓе како умираат“, вели неговиот братучед. Помалку од еден ден подоцна, ал Ахмед останува во критична, но стабилна состојба во болницата „Сент Џорџ“ во […]

Терористичкиот напад на плажата во Сиднеј ја фрли Австралија во шок


  Двајца вооружени лица убија најмалку 11 лица во неделата на еврејски настан што се одржуваше на плажата Бонди во Сиднеј, соопштија австралиските власти, прогласувајќи го за терористички напад. Еден вооружен човек беше смртно застрелан од полицијата, а вториот беше уапсен. Тоа ја фрли Австралија во шок не само поради бруталноста на настанот, туку и […]

Огромен пожар во хемиска фабрика; Се слушаат експлозии: Гасењето може да трае со денови


Голем пожар избувна денес во хемиска фабрика во западниот дел на Сиднеј, објави Австралиската противпожарна служба на својата веб-страница. Повеќе од 185 пожарникари од Противпожарната и спасувачка служба на Нов Јужен Велс (FRNSW) се борат со масовен пожар во фабрика и вонредна состојба со опасни материјали во Норт Сент Мерис во западниот дел на Сиднеј. […]

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј


Маж рани 20 лица во пукање на прометна улица во Сиднеј, соопшти полицијата во најнаселениот град во Австралија. Напаѓачот вчера наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој испукал помеѓу 50 и 100 истрели, предизвикувајќи паника во областа. Еден маж е во сериозна состојба. Неколку други се однесени во болница. Повеќето […]

Вооружениот напаѓач од Сиднеј намерно убивал жени, тврди полицијата


Австралиската полиција денеска соопшти дека ги истражува причините поради кои напаѓачот со нож во трговски центар во Сиднеј, a се чини дека цел биле жени, пренесува AFP и потсетува дека во тој напад биле убиени пет жени и еден маж. Цел му биле жени Сторителот на убиството е 40-годишниот Џоел Каучи, кој, според полицијата, боледувал […]

„Удри како земјотрес“: Патниците го опишуваат ужасот во авионот од Сиднеј кој почна ненадејно да пропаѓа


  Записите на гласовите и податоците за летот во пилотската кабина се собираат додека започнува истрагата за ненадејното пропаѓање во воздухот на летот за Окленд, Нов Зеланд, кој оставил патници крвави, десетици хоспитализирани и „со чувство како штотуку да удрил земјотрес“. Летот ЛА800 на „Латам ерлајнс“ полета од Сиднеј во 11,35 часот во понеделникот со […]

Властите затворија неколку паркови во Сиднеј откако е откриен азбест


Австралиските власти денеска затворија неколку паркови во Сиднеј, откако на неколку локации во градот беше откриен азбест. Градскиот совет на Сиднеј соопшти дека ќе почне со проверка на 33 паркови за да утврди дали се загадени со азбест и додаде дека тестирањето ќе трае неколку недели. Околу 700 ученици во јавно училиште во југозападен Сиднеј […]

Крузер закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со корона вирус


Крузер со неколку стотици патници заразени со корона вирус се закотви во Сиднеј. Австралиската министерка за надворешни работи, Клер О’Нил, денеска објави дека протоколите за ковид се соодветни. Бродот за крстарење се закотви во Сиднеј, а на него имало околу 800 луѓе, од кои повеќето биле позитивни на корона вирусот, соопшти компанијата „Карневал Австралија“, пренесува […]

Алармантно во Австралија: Прогласена вонредна состојба, наредена евакуација на 50 илјади жители од поплавните подрачја


Австралиските власти прогласија вонредна состојба поради силното навреме и поплавите што ја зафатија југоисточната сојузна држава Нов Јужен Велс. Одлуката донесена синоќа треба да го олесни начинот како во најбрз можен рок да се активираат фондовите за помош при елементарни непогоди и помошта да стигне до настраданите подрачја. Инаку, обилните врнежи уште од петокот зафатија […]

(Видео) Сиднеј евакуиран поради поплави


Големи области на Сиднеј, најголемиот град во Австралија, денеска се под вода поради обилните врнежи што предизвикаа сериозни поплави во ниските области, особено во некои предградија каде нивото на водата достигна и до 1,5 метар. Државната служба за итни случаи на Нов Јужен Велс ги препорача евакуација на жителите од неколку области, предупредувајќи дека дождот […]

Демонстрации во Сиднеј поради климатските промени


Демонстранти против климатските промени денеска почнаа со протести во Сиднеј, принудувајќи ја полицијата да ги затвори главните улици во центарот на градот. Уапсени се 11 лица, меѓу кои и една жена која, според полицијата, на вратот си ставила синџир со катанец за велосипед и се врзала за воланот на возилото, блокирајќи го сообраќајот. Возилото во […]

Евакуација во Сиднеј поради нови поплави


Австралија– Во Сиднеј во првите три месеци од годинава падна едногодишна количина дожд и поради постојаните дождови кои предизвикуваат порои, загрозуваат куќи и поплавуваат улици, властите денеска наредија евакуација на жителите. Црвен аларм за поплави е вклучен во неколку јужни предградија, а пет милиони жители на градот се предупредени на можноста од ненадејни порои во текот на […]

Од магацин во Сиднеј украдени 42.000 брзи антигенски тестови


Од магацин во Сиднеј непознато лице украло 42.000 антигенски тестови за коронавирусот, соопштија денеска австралиските власти. Портпаролот на полицијата изјави дека крадецот вчера попладне влегол во магацинот во предградието Маскота и „ги зел тестовите“, не наведувајќи други детали. Истрагата за кражбата е во тек. Властите на Нов Јужен Велс го осудија инцидентот и соопштија дека […]

Спречен терористички напад во Сиднеј, уапсени три лица


Австралија– Австралиската полиција уапси три лица под сомневање дека инспирирани од ИД планирале напад врз цели во Сиднеј, вклучувајќи згради на полицијата и одбраната, судови, цркви и дипломатски мисии. Помошникот комесар на австралиската федерална полиција, Јан Мекартни, рече дека првоосомничениот (23) се очекува да биде обвинет за подготовка на терористички напад и подготовка за заминување […]