Кинескиот претседател можеби ќе ја посети Русија


  Кинескиот претседател Си Џинпинг наскоро може да ја посети Русија, јави денеска Вол Стрит Џурнал. Пекинг најави дека сака да игра поактивна улога во ставањето крај на конфликтот во Украина, а извори запознаени со плановите за патување на кинескиот претседател рекоа дека кинескиот Си планира да се заложи за мултилатерални мировни преговори за време на неговата средба со […]

Си Џинпинг повика на единство во време кога Кина влегува во нова фаза на ковид-политиката


Кинескиот претседател Си Џинпинг во своето денешно новогодишно обраќање рече дека кинеската политика во врска со Ковид-19 спасила животи, повикувајќи на повеќе напор и единство додека земјата влегува во „нова фаза“ во нејзиниот пристап кон пандемијата. Си во телевизискиот говор на последниот ден од 2022 година рече дека Кина надмина невидени тешкотии и предизвици во борбата против […]

Брнз: Пријателството меѓу Си Џинпинг и Путин има граници


 Кина многу внимателно ги следи лошите воени перформанси на Русија, и ниту еден друг странски лидер не ја следи толку внимателно војната и слабиот воен перформанс на Русија како Си Џинпинг, изјави директорот на Централната агенција за разузнавање (ЦИА) Бил Брнз. Во интервјуto за Пи-би-ес викендов, Брнз укажа дека ЦИА смета дека постојат граници во […]

Мохамед бин Салман се сретна со Си Џинпинг во Ријад


 Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман денеска се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој пристигна во Ријад во својата прва официјална посета по речиси седум години. За време на посетата се очекува кинескиот претседател да потпише енергетски договори во вредност од неколку милијарди долари со најголемиот светски извозник на нафта. Пред посетата на Саудиска Арабија, Си рече дека оди […]

Си Џинпинг ја подготвува кинеската армија за војна


  Кинескиот претседател Си Џинпинг најави дека неговата земја ќе се фокусира на подготовки за војна, бидејќи безбедноста на земјата е сè понестабилна и неизвесна. – Пекинг сеопфатно ќе ја зајакне воената обука и ќе ја подготви армијата за секаква војна. Кинеската безбедност е сè понестабилна и неизвесна, рече Си Џинпинг, јави државната ЦЦТВ. Кинеската комунистичка партија минатиот месец […]

Си: Кина е подготвена да работи со САД во корист на двете земји


Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина е подготвена да работи со Соединетите Американски Држави за доброто на двете земји, објави денеска кинеската државна новинска агенција.   На седницата на Националниот комитет за односите меѓу Кина и САД, тој оцени дека двете земји како големи светски сили треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за […]

Путин му го честиташе на Си реизборот за генерален секретар на ЦK на кинеската Комунистичка партија


Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Си Џинпинг за неговиот реизбор за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), истакнувајќи го неговиот висок политички авторитет и кохезијата на партијата што ја предводи. – Почитуван господине Си Џинпинг, ве молам примете ги моите најтопли честитки за вашиот реизбор за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија […]

Претседателот на Кина во јавност по неколкудневно отсуство


  Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повторно се појави на државната телевизија по неколкудневно отсуство од јавноста, што предизвика реакции за политичката стабилност на 69-годишниот кинески лидер. Си беше прикажан на телевизија за време на посетата на изложбата наречена „Прославување на напредокот во новата ера“ на саемот во Пекинг. Придружуван од премиерот Ли Кечијанг и […]

Ватикан побарал средба на папата Франциск со Си Џинпинг во Казахстан, но Кина одбила


  Ватикан и пренел на Кина дека папата Франциск сака да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг додека двајцата се наоѓаат во главниот град на Казахстан, но Кина одговорила дека нема доволно време за тоа, изјави синоќа извор од Ватикан. Изворот не наведува други детали за тоа како и кога Ватикан ја пренел пораката […]

Русија и Кина се против проширување на НАТО


Русија и Кина во заеднички став, го критикуваа „негативното влијание на САД во Европа и азиско-пацифичкиот регион“ и се спротивставија на „натамошното проширување на НАТО“, беше соопштено по денешната средба меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Си Џинпинг. Средбата се одржа во Пекинг пред денешното отворање на Зимските олимписки игри во главниот град […]