Рибакина против Швјонтек во финалето на турнирот во Торонто


Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2. Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, […]

Полуфинале за Швјонтек и Бенчиќ на Вимблдон


Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ изборија пласман во полуфиналето на Вимблдон откако во денешните четвртфинални дуели оставрија победи од 2:0 во сетови. Полската тенисерка Швјонтек ќе го игра своето трето полуфинале на Грен слем турнирите оваа година и прво полуфинале на Вимблдон откако со 2:0 (6:2 и 7:5) ја совлада Људмила Самсонова.  Нејзина ривалка во […]

Швјонтек избори полуфинале на Австралија опен


Ига Швјонтек утринава ја победи Американката Ема Наваро со 6:1 и 6:2 во четвртфиналето на Австралија Опен. Во меч што траеше 1 час и 31 минута, 23-годишната полска тенисерка имаше еден ас, две двојни грешки и пет претворени брејк топки од девет шанси. Во полуфиналето Швјонтек ќе се соочи со Американката Медисон Кис која ноќеска […]

Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот


Полската тенисерка Ига Швјонтек го смени својот ПР менаџер поради допинг скандал. Пола Волицкаја, која со тенисерката соработуваше четири години, ќе си замине од функцијата и на нејзино место ќе дојде Дарија Сулгостовска. – Речиси четири години соработка со Ига станаа незаборавна авантура за љубителите на спортот и, во исто време, навистина уникатен професионален предизвик. […]

Трета година по ред во првото коло на АО ќе се соочат две шампионки


Трета година по ред две Грен слем шампионки ќе ги одмерат силите меѓу себе на стартот на турнирот во Мелбурн. Во првото коло на Австралија опен 2024, Ига Швјонтек ќе игра против Софија Кенин. Швјонтек е четирикратна победничка на Грен слем и светски рекет број еден. Кенин, која го освои Австралија опен во 2020 година, […]

Швјонтек ја критикуваше ВТА поради турнирот во Монтреал


Првиот светски рекет Ига Швјонтек од Полска го критикуваше раководството на женската тениска организација (ВТА) по турнирот во Монтреал. – Не можеме да направиме ништо за временските услови, но треба да се фокусираме на она што е добро за играчите. Турнејата е веќе многу зафатена поради патувања, немаме два слободни дена, па во иднина би […]

Швјонтек за триумфот на Ролан Гарос заработи 2,3 милиони евра,


– Ига Швјонтек вчера стана шампион на Ролан Гарос. Таа во финалето ја победи Каролина Мухова – 6:2, 5:7, 6:4. Полската тенисерка за триумфот на турнирот заработи 2,3 милиони евра, Мухова – 1,15 милиони. Сега паричната награда на Швјонтек за тековната сезона е 4,6 милиони долари. За време на нејзината кариера таа заработила 19,3 милиони […]

Швјонтек прогласена за најдобра тенисерка во 2022 година


  Светскиот рекет број 1 во женска конкуренција Ига Швјонтек од Полска е прогласена за тенисерка на годината, објави Женската тениска асоцијација (ВТА). Полската тенисерка сезоната ја заврши како прворангирана на ВТА листата, а оваа година ги освои Ролан Гарос и Ју-Ес Опен, како и турнирите во Доха, Индијан Велс, Мајами, Штутгарт, Рим и Сан […]

Швјонтек е првата тенисерка од 2017 година со 60 победи во една сезона


  Полската тенисерка Ига Швјонтек ја победи Русинката Екатерина Александрова во полуфиналето на турнирот во Острава (Чешка). Дваесет и едногодишната Швјонтек стана првата тенисерка од 2017 година со 60 победи во една сезона. Последен пат ваква серија имаше Каролин Вознијацки од Данска. Во 2022 година, Швјонтек освои седум трофеи, вклучувајќи ги и Грен слем титулите […]

Ѓоковиќ и Швјонтек први носители на Вимблдон


Србинот Новак Ѓоковиќ во машка и полската тенисерка Ига Швјонтек во женска конкуренција се први носители на претстојниот Грен – слем турнир во Вимблдон. Втор носител е освојувачот на годинешните грен – слем титули на Австралија Опен и Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, а следат Норвежанецот Каспер Руд, Гркот Стефанос Циципас и младиот Карлос Алкараз од Шпанија. Кај тенисерките, втора носителка е Естонката […]