Драматично во Сао Паоло, прогласена вонредна состојба поради шумските пожари


Големи пожари го опустошуваат југоисточниот дел на Бразил, поради што владата на државата Сао Паоло прогласи вонредна состојба во 45 општини, јави ДПА. Според властите, повеќе од 15.000 пожарникари, поддржани од воени авиони, се борат со пламените јазици. Властите соопштија дека две лица се уапсени поради подметнување пожар. Градот Рибеирао Прето, кој се наоѓа на […]

Српската хеликоптерска единица ја заврши мисијата за помош на Македонија во гаснењето на шумските пожари


Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби ја завршија меѓународната мисија за помош на Северна Македонија во гаснењето шумски пожари и денеска се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Припадниците на МВР за пет работни дена со хеликоптерот Камов Ка-32, специјализиран за гаснење пожари […]

Студија: Екстремните шумски пожари двојно се зголемија во текот на изминатите две децении


Зачестеноста и интензитетот на екстремните шумски пожари се повеќе од двојно зголемени во светот во изминатите две децении, бидејќи човечката активност ја загреа планетата, се вели во новата студија објавена денеска. За првпат, истражувачите успеаја да зацртаат глобален тренд за најразорните видови пожари одговорни за голема економска штета и загуба на животински и човечки животи. […]

Шумските пожари лани уништиле над 500.000 хектари земјиште во ЕУ


Во шумски пожари во ЕУ во текот на минатата година изгореа 504.002 хектари површина, се наведува во Извештајот за шумските пожари во Европа, на Блискиот Исток и во Северна Африка во 2023 година на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во Извештајот се нагласува дека пожарите биле […]

Гувернерот на Тексас прогласи катастрофа поради влошените шумски пожари


Пожарникарите во Тексас се борат со неколку шумски пожари кои брзо се шират во американската сојузна држава. Гувернерот на Тексас, Грег Абот прогласи катастрофа за 60 окрузи во државата за „да се осигура дека критичните ресурси за справување со пожарите брзо се распоредуваат во областите во Тексас Панхендл кои се погодени од разорни шумски пожари“. […]

На 20 илјади жители во Канада им е наредено да се евакуираат поради шумски пожари


Жителите на еден од најголемите градови на далечниот север во Канада добија наредба да се евакуираат поради големи шумски пожари што се закана за градот. Кризата во градот Јелоунајф е најновото поглавје од големите шумски пожари во Канада, бидејќи пламените јазици брзо се проширија низ целата земја, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат и […]

Шумски пожари во југозападна Франција


Шумските пожари и денеска беснеат во југозападна Франција, при што се уништени 16 домови, изгорени се 6.000 хектари површина, а речиси 6.000 луѓе мораа да се евакуираат од областа веќе погодена од големи пожари минатиот месец. Франција, како и остатокот од Европа, се справува со топлотни бранови и суша предизвикани од пожарите низ целиот континент […]

Околу 19.000 луѓе се евакуирани во Колорадо поради шумски пожари


САД – Градските власти на Болдер, Колорадо, во САД, наредија евакуација на околу 19.000 луѓе поради брзото ширење на шумските пожари. Канцеларијата за управување со вонредни состојби во Болдер објави на Твитер дека меѓу оние на кои им е наредено да заминат има луѓе поврзани со околу 8.000 домови во близина на пожарот. Крупните животни беа […]

ОН: Светот мора да се подготви за повеќе екстремни шумски пожари


Бројот на големите шумски пожари низ светот драстично ќе се зголеми во наредните децении поради глобалното затоплување, а владите не се подготвени за справување со последиците од уништувањата од таквите екстремни пожари, предупредија ОН. Дури и најамбициозните напори за ограничување на емисиите на стакленички гасови нема да спречат драматичен пораст на зачестеноста на екстремните услови […]