Шукова: Железница на кеј на Вардар – Уште еден од низата на проекти без стратегија за урбано Скопје!


„Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна. Тоа е последното нешто што му треба на Скопје. Кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот. Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и […]

Шукова со автобус на ЈСП се вози на работа


Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од опозициската СДСМ, Каја Шукова секој ден со автобус на ЈСП се вози на работа, па тврди дека ќе се зафати со овој проблем штом седне во функионерската фотелја.  Планира во својата предизборна кампања да го возобнови предлогот за БРТ систем, предлог на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, кој исто […]

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје, вети чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден град


Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Каја Шукова, денеска ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје. Таа вети дека ќе биде градоначалничка на сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност, и најави нов модел на управување со градот – професионален, транспарентен и ориентиран кон граѓаните. На прес-конференцијата во СДСМ, Шукова најави фокус на решенија […]

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова


СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат на претстојните локални избори, а ќе го објави до крајот на јули. Во игра се Мишко Ралев и Каја Шукова, но има и уште двајца други кандидати, рече вечерва партискиот лидер Венко Филипче. Тој во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека не сака да шпекулира со […]

Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 


Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Каја Шукова, на денешната трибина „За Европа сега и одма“, која што се одржа во Куманово, во организација на Социјалдемократската младина на […]

Шукова: Власта не реагира со мерки, СДСМ нуди решенија за намалување на цените


Гледаме дека воопшто нема заштита на потрошувачите, гледаме како растат цените, гледаме дека нема поддршка на економијата и затоа излегуваме со сет први седум мерки, од кои првата е законот што денеска го поднесовме во собранието, со којшто бараме да се направи интервенција на данокот за струјата и на основните прехранбени производи, истакна потпретседателката на […]

СДСМ ќе предложи седум мерки за брз ефект врз стандардорт на граѓаните


Откако Владата  ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи,  СДСМ како опозиција ќе предложи закон, во кој ќе се содржат седум економски мерки, што треба да го подигне стандардот на граѓаните.   На денешната прес-конференција, Каја Шукова, потпретседател на СДСМ ја изнесе сеопфатната економска стратегија – сет на 7 мерки преточени […]

Шукова: Кога жените се вклучени во процесите со животна средина, исходите се поиздржливи


Во Скопје денеска почна дводневната „Регионална конференција за родова еднаквост во намалувањето на ризиците од катастрофи во Западен Балкан и Турција“, во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Целта на дводневната конференција, како што беше истакнато, е да се продлабочи разбирањето за сложените врски меѓу намалувањето на ризиците од катастрофи и родовата […]

Закон за заштита на почвите за подигнување нови шуми на поголеми површини


Во близина на ветропаркот Богословец, Свети Николе, со симболично засадување дрвни садници во едно од најаридните подрачја на државата, се најави подготовката на Законот за заштита на почвата во Северна Македонија и големата акција за пошумување на значителни површини на екстремни и голи терени во државата. Активностите се спроведуваат во рамките на ГЕФ/УНЕП проектот „Промовирање […]

Шукова: Саса е пример како треба да се инвестира во животната средина


 Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица, за кој во финална фаза е постапката за измена на А – Интегрираната еколошка дозвола, информираат од МЖСПП. – Саса е добар пример како треба да се инвестира во животната средина и како со транзиција и примена на […]

Шукова: Првпат обезбедивме финансиски средства за поддршка на сите национални паркови во државата


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) преку буџетот во рамки на Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година, првпат обезбедува директна финансиска поддршка за сите четири национaлни парка во висина од 20.000.000 денари, најави министерката Каја Шукова на денешниот работен состанок со директорите на националните паркови. За добивање на средствата, националните […]

Шукова на деградацијата на животната средина гледа како на можност за раст и развој


Справувањето со регионалните еколошки и климатски предизвици преку имплементација на Акциониот план за Зелената агенда за Западен Балкан и унапредување на регионалната соработка, со посебен осврт на кружната економија, беше во фокусот на обраќањето на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на панел дискусијата на високо ниво, организирана во рамки на Регионалниот […]

Шукова: Потребни се околу 1.000 евра по жител за да се исполнат стандардите на ЕУ за животната средина


Државата креира политики, а општините треба да ги спроведат, доколку сакаме да ја имплементираме зелената агенда, а за тоа се потребни околу 1.000 по жител, па затоа се потребни и фондовите на ЕУ.  – Ако се грижиме за животната средина, не значи дека треба да го стопираме економскиот развој на државата. Тие два процеси треба […]

Шукова: Имаме четири планови за климатски промени со климатски сценарија


Адаптацијата кон климатските промени значи преземање акција за планирање и прилагодување на сегашните и очекуваните влијанија на климатските промени. Како држава имаме изработено четири национални комуникации/планови за климатски промени во кои детално се анализирани климатски сценарија и нивните влијанија врз најзасегнатите сектори, со предложени мерки за ублажување на влијанијата во сите сектори.  Ова го истакна […]

Шукова: Можеме да генерираме 10.000 зелени работни места


Климатските промени можеме да ги решаваме само преку координирани политики и тоа е нешто што се препознава од оваа Влада. Соработуваме со ресорите и сите заедно детерминираме цели, пред сѐ, во насока на намалување на загадувањето и во насока на подобар економски развој, истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на панелот […]

Шукова нема информација од „Архиродон“ за откажувањето од „Чебрен“, се подготува одлука за поништување на постапката


Во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во подготовка е информацијата со која ќе ја известат Владата дека се поништува постапката за тендерот за изградба на Чебрен, на кој единствен понудувач беше компанијата ППЦ-Архиродон, потврди министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа кажа дека до утринава нема добиено информација од […]

Шукова на панел за енергетска транзиција: Зелената трансформација е голем економски потфат


Зелена енергетска транзиција и поздрава животна средина за европска иднина е темата на денешната панел- дискусија која се одржува во Скопје. Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, на панелот истакна дека Владата ги следи препораките на европскиот зелен договор кој нуди ефикасна употреба на ресурсите со цел премин кон чиста циркуларна економија, […]

Шукова: Во 70-ина институции во наредните две години ќе ги замениме системите за загревање


 Анализите се јавни и покажуваат дека 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата, но секако и од јавни институции кои не  користат еколошки системи за затоплување и таму интервенираме. Во 70-ина институции во наредните две години ќе ги замениме системите. Процесите не одат толку брзо, но тоа не значи дека треба да застанеме на овие […]

(Во живо) Шукова информира за ХЕЦ „Чебрен“ и актуелни прашања поврзани со животната средина


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска ќе одржи брифинг за прашања поврзани со ХЕЦ Чебрен и за други актуелни прашања повразни со животната средина.  ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик […]

Шукова: Немаме што да криеме за проектот „Чебрен“


Документи никогаш не криеме, секогаш сме транспарентни. Во текот на постапката не можеме да ги споделуваме документите. Откако ќе заврши постапката, апсолутно се ќе биде споделено со јавноста. Немаме што да криеме, изјави вечерва министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во врска со проектот „Чебрен“. Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, […]