„Шејн“ се отвора во Франција


Кинеско-сингапурскиот моден бренд „Шејн“ (Shein) објави дека ќе ги отвори своите први постојани физички продавници во Франција во ноември. Имено, првата локација ќе биде во Париз. По неа, ќе следат уште пет продавници во трговски центри во Дижон, Рејмс, Гренобл, Анже и Лимож, се вели во соопштението на компанијата. Отворањето е овозможено преку партнерство со […]

Франција го казни Шејн поради лажни попусти


Францускиот регулатор ѝ изрече казна од 40 милиони евра на кинеската онлајн платформа за продажба на облека Шејн поради доведување во заблуда на купувачите со лажни тврдења за попусти. Од 1 октомври 2022 година до 31 август, DGCCRF (Генерална дирекција за конкуренција, потрошувачки работи и контрола на измамите) ги анализираше наводно намалените цени на илјадници […]

ЕК утврди дека Шејн го крши Законот за потрошувачи на ЕУ


Европската комисија денеска соопшти дека го известила сајтот за е-трговија на мало Шејн дека е утврдено оти голем број негови практики се во спротивност на Законот за потрошувачи на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, кршењето на законската регулатива на ЕУ е утврдена во заедничка истрага на Европската комисија, Мрежата за соработка […]

Нордиските земји бараат ЕУ да преземе мерки против „дивиот запад“ во е-трговијата


Данска, Норвешка и Шведска најавија иницијатива со која ќе бараат од Европската Унија да преземе мерки против платформите за е-трговија, како „Тему“, „Шејн“ и „Виш“, со цел да се стави крај на хаосот во овој онлајн сегмент.  Најавувајќи ја иницијативата, данскиот министер за животна средина Магнус Хеунике изјави дека овие платформи претставуваат „див запад“ за […]

Царините на Трамп посебно ги таргетираат „Тему“ и „Шејн“


Новите трговски тарифи на претседателот Доналд Трамп против Кина, Канада и Мексико вклучуваат широк фронт против меѓународната е-трговија, со очигледни планови да се стави крај на долгогодишното царинско ослободување за пакети вредни помалку од 800 долари. Извршната наредба на Трамп со која се насочуваат давачки од 25 отсто за Канада и Мексико – плус царина […]

(Фото) До утре ќе биде отстранета бутик-терасата на „Шејн“


Сопственикот на бутикот „Шејн“ на улица „Македонија“ во Скопје, кој неколку месеци продаваше гардероба од објект, претходно наменет за летна бачва, денеска сам ќе ја отстранува доградбата. Се очекува до утре бутикот да биде во рамките на внатрешниот објект. Инаку, од отворањето на бутикот на почетокот на октомври лани, „Шејн“ продаваше облека од застаклениот дел, […]

Бутикот „Шејн“ во центарот на Скопје ќе треба да си ја собере терасата


Градежен инспектор на Општина Центар издаде решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба, информира Општина Центар. Станува збор за бутикот „Шејн“ кој има доградба на локал на улица „Македонија на парцела која е земјиште во сопственост […]

Бутикот „Шејн“ во центарот на Скопје продава облека и од стакленик, може да плати казна


Во застаклен дел надворешен дел, што вообичаено им служи на угостителите да ги сместат пушачите, на улицата „Македонија“ во Скопје, бутикот „Шејн“ од пред еден месец продава облека. Колку е тоа дозволено е прашање, а инспектори од Општина Центар биле во бутикот, каде оставиле покана сопственикот да дојде кај нив на разговор. „Доколку се утврди […]