Претседателката Шајнбаум ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на Мексико


Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на нејзината земја, јави ДПА. „Ние не прифаќаме мешање. Ние сме слободна, независна и суверена земја“, им рече Шајнбаум на поддржувачите синоќа на митинг во Мексико Сити по повод втората годишнина од нејзината изборна победа. Претседателката рече дека агенција на Министерството за правда […]

Трамп ја обвини мексиканската претседателка за немоќ против картелите


Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум дека ја изгубила контролата врз својата земја. Во телефонско интервју за американскиот телевизиски канал Фокс њуз во врска со апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американската војска, Трамп рече дека нарко-картелите го водат Мексико, а не избраната влада. Според него, Шајнбаум се […]

Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Шајнбаум за „персона нон грата“


Конгресот на Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум за „персона нон грата“, неколку дена откако нејзината Влада ги прекина дипломатските односи со Мексико, кое ѝ додели азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез. Чавез беше премиерка за време на мандатот на соборениот и затворен поранешен претседател Педро Кастиљо, а Перу ги прекина дипломатските […]

Шајнбаум ги осуди американските санкции врз три мексикански финансиски институции


Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, денеска остро реагираше на објавата за блокирање на трансферите на пари од три мексикански финансиски институции од страна на САД, велејќи дека Вашингтон не презентирал докази во поддршка на неговите тврдења за перење пари. Набргу потоа, Централната банка на Мексико објави дека привремено го презема управувањето со две од трите […]

Шајнбаум: Шверцувањето фентанил од Мексико во САД се намали за 40 проценти


Шверцувањето фентанил од Мексико во САД е намалено за околу 40 проценти откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, изјави денеска мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум. Трамп го наведе шверцот со фентанил како фактор во неговата одлука да воведе царини за Мексико, иако многу пратки мексиканска стока не се засегнати од царините бидејќи […]

Мексико ќе почека пред да одговори на царините на САД


 Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, изјави дека нејзината влада нема веднаш да одговори на новите американски царини за металите, туку ќе почека можен договор во наредните недели. – Ќе чекаме до 2 април, а потоа ќе одлучиме дали ќе воведеме реципрочни царини, изјави Шејнбаум.

Мексико почна да распоредува 10.000 војници на границата со САД


Мексико денеска почна да распоредува 10.000 војници на границата со САД, како што беше ветено во понеделникот, во замена за суспензијата на американската најава за воведување царини од 25 отсто на мексикански производи, соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шaјнбаум. – Веќе почнавме да испраќаме трупи, изјави таа. Шaјнбаум додаде дека војниците се распоредени во држави кои […]