Почна испораката на гас преку гасоводот Северен поток 1


Испораките на гас продолжија денеска преку германско-рускиот гасовод Северен поток 1, потврди портпаролот на компанијата за германската новинска агенција ДПА. Десетдневниот прекин поради одржување го намали протокот на нула на 11 јули, а имаше стравувања дека Москва може да одлучи да не го рестартира снабдувањето во време кога Европа веќе се соочува со енергетска криза. […]

Расте стравот од енергетска војна – Русија се заканува со ембарго за транспорт на гас


Стравувањата од енергетска војна меѓу Русија и Западот се зголемија денеска откако САД притискаат свои сојузници да забранат увоз на руска нафта како казна за инвазијата на Москва врз Украина, каде што денеска се очекува да профункционираат хуманитарни коридори. Русија предупреди дека може да го запре протокот на гас преку гасповод  од Русија до Германија […]