Туристите потешки од 100 килограми веќе нема да смеат да јаваат магариња на Санторини


Туристите на грчкиот остров Санторини со години јаваат магариња од старото пристаниште до градот Фира, кој се наоѓа на врвот на карпата. Сепак, поради екстремно стрмната рута со камени скали, големиот метеж и зголемените предупредувања од организациите за заштита на животните, локалните власти воведоа построги правила. Сега, секој што сака да јава магаре не смее […]

По еден месец се отвораат училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи


 По пауза од еден месец, учениците на грчките острови Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, денеска се враѓаат во училишните клупи, откако на почетокот на февруари, училиштата беа затворени поради зголемената сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, јави дописничката на МИА од Атина. На заедничкиот состанок на Комисијата за процена на сеизмичката опасност […]

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини


Два земјотреси со јачина од 5 и 4,9 степени беа регистрирани утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, во рамките на серијата земјотреси од изминатите најмалку три седмици, јави дописничката на МИА од Атина. Двата земјотреси беа во период од нешто помалку од час и половина, најсилниот беше во 6.46 часот, на […]

Земјотрес од 5,1 степен во близина на Санторини – за 19 дена над 19.200 потреси


Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а неколку минути претходно имаше помал земјотрес од 4,2 степени, додека во текот на ноќта беа регистрирани два нови потреси од 4,2 и 4,5 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина. […]

За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос


Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси, јави дописничката на МИА […]

Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос


По синоќешниот земјотрес од 5,3 степени регистриран кусо по 22 часот во близина на Санторини, што воедно беше и најсилниот во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, во текот на ноќта и рано утрово следеше нова серија земјотреси меѓу 4 и 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Санторини – најсилен досега во неколкудневната серија


 Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотреси над 5 степени беа регистрирани синоќа (точно 5 […]

Мицотакис на Санторини, повикува на смиреност


Уште еднаш препорачувам смиреност, да ги слушаме упатствата од цивилната заштита и посакуваме појавата брзо да заврши, а островот целосно да се врати во својот нормален ритам, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Санторини, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис денеска беше во посета на островот и посочи дека „целиот државен механизам е мобилизиран“ […]

(Видео) Земјотресите уништија една од најпознатите плажи на Санторини


Серијата земјотреси кои го погодија Санторини и блиските грчки острови во изминатите неколку дена доведоа до лизгање на земјиштето на една од најпознатите плажи, Црвената плажа. Црвената плажа, позната по впечатливиот црвен песок и вулканските карпи, сега е затворена. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат одрони на карпи. До Црвената плажа, до која претходно можеше […]

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега


Нов земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран кусо по 21 часот вечерва во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите неколку дена, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресите во конкретната област продолжуваат со несмален ритам, а карактеристично е […]

Нови земјотреси регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини


Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос повторно беа регистрирани низа земјотреси, од кои четири со јачина од над четири степени, додека во текот на денот ќе се одржи нов состанок со учество на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за процена на ситуацијата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот […]

Продолжуваат земјотресите во близина на Санторини – се проценува дека грчкиот остров го напуштиле над 5.000 лица


Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од […]

Мицотакис апелира до жителите на Санторини да бидат смирени и да ги следат упатствата на надлежните


Треба да се справиме со многу интензивен геолошки феномен. Сакам да побарам од жителите на островот, пред сè, да останат смирени и да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита, порача грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во однос на земјотресите на островот Санторини, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис е во Брисел за неформалниот Самит на […]

Грција е во сè поголем проблем поради масовниот туризам


Во Грција е неопходно да се спроведе реформа и да се редефинираат законите кои се однесуваат на туризмот, наведува Индипендент. Минатата година Грција ја посетиле околу 33 милиони луѓе, што е за 5 милиони повеќе од претходната година. Туристите ги привлекуваат античките археолошки локалитети, тиркизните медитерански води и сигурната летна сезона. Сепак, заштитникот на граѓаните […]

Санторини – магичен остров извајан од вулкански оган


Каде и да погледнете кога ќе пристигнете во Санторини, сликите и глетките ве потсетуваат дека се наоѓате на вулкански остров: лунарни пејзажи, црни и црвени плажи, камчиња од стврдната лава, но пред сѐ зачудувачката убавина на ова место, кое било извајано за време сурово вулканско минато, пишува Си- ен-ен. Овој остров во архипелагот Киклади во […]