Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки


Сеопфатниот 19-ти пакет санкции кон Русија што денеска го одобрија лидерите на ЕУ, опфаќа дополнителни 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки насочени кон „клучните сектори што ја поттикнуваат руската илегална инвазија врз Украина, вклучувајќи ги енергетиката, финансиите и воено-индустрискиот комплекс“. Како што соопшти Советот на ЕУ, со овој пакет се зајакнува контролата врз […]

Г7: Ќе продолжиме да воведуваме економски санкции кон Русија


  Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Групата седум (Г7) соопштија денеска дека нивните земји ќе продолжат да наметнуваат економски санкции кон Русија и ја повикаа меѓународната заедница да го осуди „бруталниот експанзионизам“ на Москва. Во соопштението на Г7 се наведува дека најбогатите земји ќе продолжат да наметнуваат дополнителни економски санкции за поединци и […]

Вучиќ најави дека Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија


Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија, им порача претседателот Александар Вучиќ на парламентарните претставници со кои вчера имаше остар вербален конфликт, додавајќи дека не е среќен поради тоа, но дека Белград веќе ја плаќа цената што не го сторил тоа претходно. -Не сум ентузијаст за тоа, но не знам колку долго ќе […]

ЕУ разгледува заострување на санкциите кон Русија


Европската унија денеска ќе ја разгледа можноста за заострување на санкциите кон Русија, бидејќи Москва е обвинета дека ја искористила нуклеарната централа во Запорожје, што ја зазема, за складирање оружје и лансирање проектили кон околните региони на јужна Украина. „Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија“, изјави претседателката на Европската комисија […]

Шолц: Санкциите кон Русија ќе бидат во сила се до потпишување на мировен договор со Украина


Санкциите наметнати на Русија како одговор на нејзината инвазија врз Украина нема да бидат укинати додека Москва не постигне мировен договор со Киев, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека мировните услови треба да ги одреди Украина. Во интервју емитувано на јавната телевизија ЗДФ, Шолц рече дека рускиот претседател Владимир Путин се преценил себеси […]

Санкциите на САД не опфаќаат увозо на ураниум од Русија


Забраната што ја воведе американскиот претседател Џозеф Бајден за американскиот увоз на руска нафта и други енергенси не вклучува забрана за увоз на ураниум за нуклеарните централи, тврди добро информиран извор запознаен со ова прашање, јавија американски медиуми. Енергетската индустрија на САД се потпира на Русија и нејзините сојузници Казахстан и Узбекистан за околу половина […]

Путин и нареди на владата да му достави целосен список на земји кои воведоа санкции кон Русија


Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да состави и во рок од два дена да достави список на земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација. Ова важи и за компании, организации и поединци, според указот на шефот на државата. „Владата на Руската Федерација во рок од два дена да направи список на странски […]

Санкциите кон Русија ќе ги чинат и европските граѓани, ќе поскапи енергијата, но и другите производи


Брисел, 28 февруари 2022 (МИА) – Првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, ги предупреди граѓаните дека санкциите на ЕУ против Русија ќе предизвикаат зголемување на цените, но дека мора тоа да се прифати во име на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија очекува противмерки од Русија наскоро, иако за сега не се […]

За Стопанската комора на северозападна Македонија санкциите кон Русија беа очекувани, кризата може да ги намали инвестициите


Ние сме полноправна членка на НАТО и токму поради тоа треба да се прилагодиме кон глобалните политики кои се во интерес на Алијансата, а кои целат кон мир и стабилност во светот, особено во земјите-членки. Имајќи ја предвид и нашата евроатлантска определеност, поддржувањето и воведувањето на санкциите кон Русија беше сосема очекувано, смета Стопанската комора […]