Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско


 И во Сан Франциско вчера имаше протести поради политиката на администрацијата на Доналд Трамп за борба против нелегалната имиграција, при што се приведени околу 60 лица, а тројца полицајци се повредени. Според полицијата, приведените станале „насилни и почнале да извршуваат кривични дела, од физички напади до тежок вандализам и уништување на имот“, поради што во […]

Голем пожар во близина на Сан Франциско, ситуацијата се влошува (видео)


Пожарникарите се борат да изгаснат голем шумски пожар околу Сан Франциско, Калифорнија, но ситуацијата се влошува поради ветровите што ги разгоруваат пламените јазици. Според соопштение на Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија, пожарот избувнал вчера попладне во близина на градот Трејси, околу 96 километри источно од Сан Франциско, во област составена главно […]

Убиено лицето кое со возило удри во кинескиот конзулат во Сан Франциско


Полицијата го уби лицето кое со возило се залета и се удри во зградата на кинескиот конзулат во Сан Франциско, соопштија американските власти. Возачот вчера попладне по локално време удри во предворјето на Генералниот конзулат на Народна Република Кина, кој се занимава со визи, изјави портпаролката на полицијата во Сан Франциско, Кетрин Винтерс, пренесе Си-ен-ен. […]

Сан Франциско веројатно ќе ѝ дозволи на својата полиција да користи роботи кои убиваат


Градската управа на Сан Франциско во вторникот усвоила документ којшто веројатно би ѝ овозможил на полицијата да користи роботи оспособени да убиваат криминалци во исклучителни случаи – како терористички напади или масовни убиства, коишто често се случуваат во САД. – Употребата на роботи во потенцијално опасни по живот ситуации, е последно средство, изјави началникот на […]

Полицијата на Сан Франциско побара дозвола за убивање осомничени кои се опасност за другите луѓе


Полицијата на Сан Франциско, САД, побара дозвола од локалните власти за употреба на роботи што ќе имаат способност да убијат осомничен за кого се смета дека е преголема закана, односно опасност за животот на полицајците и граѓаните во состојба каде што нема други можности. Предлог-законот е веќе изработен. Но, тоа веќе наиде на противење со […]

Нормализирана работата на аеродромот во Сан Франциско


 Меѓународниот аеродром во Сан Франциско соопшти дека ја обновил нормалната работа откако меѓународниот терминал беше евакуиран доцна синоќа по закана за бомба. „Полицијата го прегледа меѓународниот терминал. СФО продолжува со нормална работа“, објави денеска Аеродромот на Твитер. Терминалот беше евакуиран доцна во петокот, откако полицијата пронашла сомнителен предмет на аеродромот по закана за бомба, соопшти […]

Терминал на аеродромот во Сан Франциско евакуиран поради закана за бомба


Меѓународниот терминал на аеродромот во Сан Франциско е евакуиран доцна синоќа, откако полицијата пронашла сомнителен предмет на аеродромот по закана за бомба, соопшти полицијата на Твитер. Полицијата во Сан Франциско објави дека полицајците добиле закана за бомба на аеродромот и во текот на истрагата пронашле сомнителен пакет. „Поради тековните полициски активности, меѓународниот терминал се евакуира“, […]