„Самсунг“ повеќе не е највредната компанија во Јужна Кореја


Јужнокорејската SK Hynix денес ја престигна Samsung Electronics и стана највредната јавно тргувана компанија во Јужна Кореја, драматичен пресврт за производителот на чипови кој беше на работ на колапс пред две децении поради огромни долгови. Компанијата, сега водечки светски снабдувач на HBM (меморија со висок пропусен опсег) чипови што се користат во системи за вештачка […]

Интелигенција што живее со вас: Bespoke AI за современиот дом


Современиот дом денес е повеќе од место за живеење, тој е одраз на стилот, навиките и ритамот на живот. Токму тука започнува приказната на Samsung Bespoke AI – линија премиум апарати создадени да функционираат како интелигентен екосистем, каде дизајнот и технологијата работат во совршена хармонија. Овие уреди не се само дел од домаќинството, туку активни […]

„Самсунг“ оваа година ќе претстави уникатен паметен телефон со тројно преклопување


Минатата година Huawei го запрепасти целиот свет со својот тројно преклопен смартфон Mate XT, кој всушност има три дела и се преклопува на две места. Од претставувањето на овој уред се шпекулираше кога некој друг производител ќе лансира сличен уред на пазарот, а сега стигна и одговорот. Во втората половина на 2025 година, Samsung ќе […]

Штрајк на вработените во „Самсунг“, под прашање снабдувањето со полупроводници


 Синдикатот кој претставува десетици илјади луѓе во јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг Електроникс“ соопшти денеска дека работниците првпат досега ќе стапат во штрајк. Портпаролот на Синдикатот наведе дека штрајкот е закажан на 7 јуни, а работниците тој ден ќе користат одмор за да штрајкуваат. Штрајкот се организира поради „запоставувањето на работниците од страна на компанијата“. Штрајкот […]

„Самсунг“ со остар пад на приходите поради помалата побарувачка за чипови


Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung Electronics денеска извести за остар пад на приходите и профитот во третиот квартал поради слабата побарувачка за чипови. Во периодот од јули до септември, оперативниот профит на Samsung падна за 78 отсто, на 2,4 трилиони вони (1,79 милијарди долари), покажаа прелиминарните пресметки. Приходите најверојатно потонале за 13 отсто на 67 трилиони […]

„Самсунг“ ја забрани употребата на ChatGPT и други алатки за вештачка интелигенција


Заедно со „Самсунг“, некои банки од Вол Стрит ја забранија или ограничија употребата на алатки за вештачка интелигенција во деловните процеси. Самсунг неодамна имаше проблеми со протекување на сопствените доверливи деловни податоци, така што е воведено ново правило – да не се користат популарните алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT, Google Bard и Bing од […]

Официјално претставена новата генерација на „Самсунг“ телефони на преклоп


  По глобалната премиера на традиционалниот настан Unpaked кој се одржа минатата недела, вчера во Скопје беше свечено претставена новата серија на телефони на преклопување, серијата Samsung Galaxy Z. Посетителите имаа можност да ги пробаат уредите Galaxy Z Fold4 и Z Flip4, како и паметните часовници од најновата серија Galaxy Watch5 и безжични слушалки Galaxy […]

Помалку камери на телефоните од следната година?


„Samsung“ обично ги опремува своите телефони од средна класа со три или четири камери. Сепак, почнувајќи од следната година, моделите од средната класа на јужнокорејската компанија би можеле да имаат една камера помалку. Според извештаите на медиумите од Кореја, „Samsung“ одлучил да ги отстрани камерите со сензори за длабочина од своите телефони од средната класа. […]

Русите остануваат и без „Пејпал“, „Зара“, „Самсунг“…


Се чини дека услугите и производите ќе станат поретки во Русија, откако денеска уште повеќе компании објавија дека ги прекинуваат врските во знак на протест против тековната инвазија на Кремљ врз Украина, јави германската агенција ДПА. „Самсунг Електроникс“ соопшти дека ја прекинал испораката во Русија поради нападот на Москва врз Украина. Испораките се суспендирани „поради […]

Новите таблети „Самсунг галакси“ во Европа ќе чинат меѓу 749 и 1.699 евра


За новите таблети на „Самсунг“ од семејството „Галакси таб С8“ веќе е познато дека ќе им бидат достапни и на корисниците во Европа. Преднарачките за новите модели се отворени и некои цени се објавени. Така, најскапиот модел во Франција чини 1.699 евра и доаѓа со 16 гигабајти РАМ и 512 ГБ внатрешна меморија. Уредот се […]