Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден – 22 јануари


Лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе се соберат на вонреден самит в четврток за да разговараат за одговорот на Европа на заканите на САД за нови царини и преземање на Гренланд. Самитот ќе се одржи во Брисел со почеток во 19:00 часот. Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави дека ЕУ се обидува да избегне ескалација, […]

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта синоќа во објава на Икс најави дека во наредните денови ќе свика вонреден Самит на ЕУ посветен на најновиот развој на настаните околу Гренланд. – Со оглед на значењето на неодамнешните случувања и со цел понатамошна координација, решив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови, наведе […]

Декемвриски Самит на ЕУ – главна тема обезбедувањето средства за финансиска поддршка на Украина


Случувањата поврзани со Украина, следната Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ, проширувањето, геоекономската ситуација во Унијата, состојбите на Блискиот Исток, европската одбрана и миграцијата ќе бидат темите за кои, според најавата, ќе расправаат шефовите на држави или влади на членките на Европската Унија на Самитот што почнува денеска во Брисел. Сепак, главното прашање околу кое ќе […]

Следниот повеќегодишен буџет и декемврискиот Самит на ЕУ главни теми на денешниот ГАК


Предложената Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година и подготовките за Самитот на Унијата предвиден за 18 и 19 декември, ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) на блокот.  Според најавите, состанокот ќе започне со дискусија за утврдување на дневниот ред на декемвриското заседание на Европскиот совет, […]

Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана


Конкурентноста на ЕУ, последните настани поврзани со Украина и следните чекори во напорите за зајакнување на европската одбрана, ќе бидат главни теми на мартовскиот редовен Самит на Унијата, што започнува денеска во Брисел.  Покрај ова, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе разговараат и за следната Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) на блокот […]

Украина, Блискиот Исток, конкурентноста и миграцијата главни теми на октомврискиот Самит на ЕУ


Руската агресија врз Украина, најновите случувања на Блискиот Исток, зајакнувањето на конкурентност на ЕУ и прашања поврзани со миграцијата ќе бидат главни теми на дводневната средба на шефовите на држави или влади на членките на Унијата, што ќе започне попладнево во Брисел.  Самитот ќе започне со дебата за руската агресивна војна против Украина во сите […]

ГАК ќе расправа за претстојниот Самит на ЕУ


Подготовките за претстојниот Самит на ЕУ закажан за 27 и 28 јуни, како и дискусијата за нацрт-заклучоците од оваа средба на шефовите на држави или влади на членките на Унијата, ќе бидат главна тема на денешното заседание на европскиот Совет за општи работи (ГАК), што ќе се одржи во Луксембург. Главни теми предвидени за Самитот […]

Специјален Самит на ЕУ посветен на ребалансот на Европскиот буџет и на Блискиот Исток


Среднорочната ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, која, меѓу другото, вклучува обезбедување средствата за поддршката за Украина и за помош на земјите од Западниот Балкан, како и случувањата во регионот на Блискиот Исток, ќе бидат главна тема на денешниот специјален Европски совет во Брисел, на кој ќе се соберат шефовите […]

Дводневен Самит на ЕУ во Брисел


Ситуацијата на Блискиот Исток, поддршката за Украина во справувањето со руската агресија, ревизијата на Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ, состојбата на европската економија, прашањата за миграцијата и азилот и теми поврзани со надворешните односи на блокот, ќе бидат во фокусот на Самитот на Унијата, што денеска и утре ќе се одржи во Брисел.  Како што […]

Лидерите на ЕУ ќе „пресечат“ денес за проширувањето, Орбан ги нарече себични


Кандидатите за членство во ЕУ треба да ги „засилат“ реформите, изјавија лидерите на Унијата доаѓајќи на самитот на Европскиот совет што денес се одржува во Гранада. Во нацрт-декларацијата на самитот лидерите пишуваат дека „проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот“. „Гледајќи напред кон перспективата за натамошна проширена Унија, и ЕУ и идните […]

Самит на ЕУ во Версај: „Украина е дел од нашето европско семејство“


„Без одлагање, дополнително ќе ги зајакнеме нашите врски и ќе го продлабочиме нашето партнерство за поддршка на Украина на нејзиното европско патување. Украина е дел од нашето европско семејство“, објавија лидерите во писмената декларација на маргините на европскиот самит во Версај, без сепак да ја отворат вратата за членство во ЕУ, јави дописникот на МИА. […]