Г7 постигна многу добар напредок за користењето на руските средства за Украина


Г7 постигна „многу добар“ напредок во користењето на замрзнатите руски средства за Украина и лидерите се надеваат дека ќе постигнат договор денеска на самитот во Италија, соопшти Белата куќа. „Договорот се очекува кога лидерите, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, ќе седнат на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски“, изјави советникот за национална безбедност Џејк […]

Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта


Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Малта во обид да ги стабилизира билатералните односи. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Саливан и Ванг имале „искрени, значајни и конструктивни разговори“. Ова е нова дискусија на високо ниво во серијата консултации меѓу […]

Саливан: Новиот руски командант би можел да користи тактика на „изгорена земја“


Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека назначувањето на рускиот генерал наречен „Касапот на Сирија“ за да ја надгледува војната во Украина е „конзистентно“ со начинот на кој Русија води војна. Генералот Александар Дворников (60) претходно ги предводеше руските операции во Сирија, каде што руските сили беа обвинети за намерно гаѓање на цивилни […]

САД неделава ќе објават нови санкции против Русија


САД и сојузниците во текот на оваа недела ќе објават нови економски санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, соопшти синоќа американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. Тој истакна дека разговорите меѓу западните земји сега се однесуваат првенствено за можни мерки „поврзани со енергијата“, многу чувствително прашање меѓу Европејците кои се во голема […]