Новиот член на Судскиот совет, Садула Изаири, ќе даде свечена изјава
Новиот член на Судскиот совет, Садула Изаири, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Судијата од Судот во Тетово Садула Изаири на 30 јануари годинава освои најмногу гласови на непосредни избори за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои се над 20 отсто во државата. […]