Ако САД го освојат Светското, НАСА ќе испрати фудбалска топка на Месечината


Шефот на американската вселенска агенција НАСА, Џеред Ајзекмен, изјави дека ќе испрати фудбалска топка од Светското првенство 2026 на Месечината доколку репрезентација на САД успее да го освои турнирот што е во тек. „Значи, малку мотивација за САД. Ќе го надминеме Алан Шепард и играњето голф на површината на Месечината, ќе однесеме фудбалска топка на […]

Случајот на Лиза Домски во САД: Дали се повредни религиозните убедувања од „ковид“ вирусот


Во деновите на глобалната пандемија од Ковид-19, кога светот се обидуваше да најде начин за да го заштити здравјето на граѓаните, се појавија и нови предизвици поврзани со правата на поединците на работните места. Таа криза ја откри и сложеноста на односот помеѓу јавното здравје и индивидуалните верски убедувања.  Имено, станува збор за случајот на […]

Масовна покер измама во САД. Користени се НБА ѕвезди, маси и рендгенски очила…


Познати личности, професионални спортисти и богати коцкари седеа на покер масата надевајќи се дека ќе добијат голема сума на играта Тексас Холдем. Малку знаеја дека победата е речиси невозможна. Всушност, тие беа „рибите“ што беа цел на мафијата во сложена шема што вклучуваше рендгенски маси за карти, тајни камери, анализатори скриени во фиоки за чипови […]

Во Стокхолм нов круг разговори меѓу САД и Кина за царините


 Американскиот секретар за финансии Скот Бесент и високи кинески претставници денеска и утре во Стокхолм ќе одржат нови разговори во врска со спорот околу царините. Главна цел на преговорите е продолжување на тековната пауза на царините, која е во сила до 12 август. Кинеската делегација се очекува да ја предводи вицепремиерот Хе Лифенг. Од април, […]

Украина: Одложен договорот за минерали со САД


 Украинскиот министер за финансии Сергиј Марченко денеска изјави дека договорот за соработка во развојот на минерални ресурси меѓу Украина и САД нема да биде финализиран оваа недела, иако двете страни постигнале одреден напредок во преговорите. Изјавата доаѓа една недела по потпишувањето на меморандумот за разбирање, кој требаше да послужи како основа за конечниот договор. Во […]

Зошто Путин конечно преговара?


Додека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин размислуваат за средба во наредните недели, можеби е корисно да се праша зошто Москва сега се чини дека е склона да стави крај на војната во Украина. Три години по конфликтот, Путин му покажа на светот дека не се грижи за крвопролевањето. И, ако неговата […]

Како Бајден ги урна шансите на Украина за подобра одбрана?


ДНИПРОПЕТРОВСКА ОБЛАСТ, Украина – Поминаа неколку месеци откако украинскиот баталјон стациониран на замрзнатата, разбиена линија на фронтот доби нов оклопен транспортер за да ги одведе луѓето напред, да снабдува муниција и да ги евакуира ранетите. Баталјонот и другите слични на него се крајната точка во сложениот синџир што ја движи американската воена опрема на фронтот […]

Европејците во првите редови за демократија ги советуваат Американците: Не се откажувајте!


Граѓаните на централна и источна Европа долго време беа навикнати да добиваат совети од мноштво добронамерни американски организации за тоа како да ги заштитат своите кревки демократии по падот на Берлинскиот ѕид. Сега, по само 10 дена од извршните наредби на Доналд Трамп и чистките во државната служба, советите почнуваат да течат на другата страна. […]

Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД


Денеска се навршуваат четири години од смртта на Џорџ Флојд како последица на полициско насилство. Инцидентот што се случи во Минеаполис, сојузна држава Мичиген, предизвика невиден бран протести во САД и низ целиот свет при што милиони повикуваа на правда и запирање на насилството засновано на расна омраза. И покрај мноубројните масовни протести, Конгресот се […]

Харадинај чека американска виза


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека не добил одговор на барањето за американска виза што го поднесе неговиот кабинет. „Мојот кабинет поднесе барање за виза. Има повеќе настани во САД на кои сакам да присуствувам. Не добив одговор“, рече Харадинај. Косовскиот премиер вели дека бил повикан на молитвен појадок и дека кога ќе добие виза […]