Профитот на „Рајанер“ значително се зголеми: „Веројатно нема да ги покачат цените на билетите“


Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair забележа годишен скок на профитот за повеќе од една третина и објави дека поскапувањето на цените се забавува. Ирскиот авиопревозник објави 34 отсто пораст на добивката по оданочување на 1,92 милијарди евра за деловната година до крајот на март, откако бројот на патници се зголеми за девет отсто на 183,7 милиони и […]