Генерал Мили: Во Украина веројатно има над 100.000 загинати и повредени руски војници


  Началникот на Здружениот Генераштаб на американската војска, генерал Марк Мили, оцени дека руската војска имала над 100.000 загинати и повредени војници во Украина, додавајќи оти и украинските вооружени сили веројатно претрпеле загуби на исто ниво во војната што почна на 24 февруари.   – Многу човечки маки и страдања, изјави генералот Мили, додавајќи дека […]

Руски војник: Офицерите бегаат од фронтот, нѐ оставаат на нашите места додека не загинеме


  Руски војник кој беше регрутиран во неодамнешната делумна мобилизација тврди дека руските воени офицери бегаат од фронтот во Украина. Во изјавата за независниот  медиум „Версток“, војникот рече дека го преживеал гранатирањето од украинските сили во близина на Макиивка во регионот Луганск и дека командантите на неговата единица побегнале од линијата на фронтот на 2 […]

Писмата што ги оставија очајните руски војници додека бегаа


  ИЗЈУМ, Украина – Околу 10 дена пред украинските сили да го вратат градот Изјум минатиот викенд, руските трупи стационирани овде беа толку деморализирани што подготвија писма во кои ги молеа своите претпоставени да ги повлечат назад. 10-те рачно напишани писма, датирани од 30 август, беа оставени во двокатна станбена куќа каде што Русите престојуваа, […]

Сега гинат 600 руски војници дневно, тврди Киев


  Загубите на рускиот персонал се зголемуваат бидејќи Украина добива информации за локацијата на руските сили од страна на Украинците кои остануваат на окупирана територија, соопшти украинската војска. Неодамнешните податоци на украинските власти покажуваат дека бројот на руски војници кои секојдневно се убиваат се зголемува од 150-200 на околу 600. Бројката за четврток беше 650, […]

Украинска снаодливост: користат фотографии на старлети за руските војници да ги откријат позициите


  Руска база беше разнесена откако украински хакер постави лажни профили на атрактивни жени на социјалните мрежи и ги измами војниците на Путин да ја дадат својата позиција. Зборувајќи за „Фајненшл тајмс“, Никита Книш од Харков, кој е ИТ професионалец, објасни дека сака да ги искористи своите хакерски вештини за да ѝ помогне на својата […]

Бројот на загинати руски војници надмина 50.000, тврди Киев


  Огромна експлозија на автомобил-бомба во вторникот го осакати рускиот командант на окупиран украински град, што е последен обид за атентат врз промосковски функционер. Снимката од Бердјанск покажува запалени остатоци од автомобил за кој се вели дека му припаѓаат на Бардин Артем Игоревич, воениот командант назначен од Москва да го надгледува градот окупиран од Русија […]

Британски адмирал тврди дека во војната во Украина се убиени или ранети 50 илјади руски војници


Адмиралот на британското Министерство за одбрана, Тони Радакин изјави дека 50.000 руски војници или загинале или се ранети, и додаде дека поради тоа, украинската армија апсолутно верува дека ќе ја добие војната. – Целосно е јасно тие планираат да ја вратат целата своја територија, сведочат на Русија која се мачи, Русија за која се проценува […]

Елитниот 331. падобрански полк се бори за јавна поддршка во Русија


  На бојното поле во Донбас, оклопно возило јури до теренска болница и во него има неколку тешко повредени војници. „[Украинскиот] тенк пукаше кон нас“, објаснува еден од руските падобранци, додека неговите рани се преврзани, „…прво кон нас, потоа директно во нас“. Овие погледи на крвавата реалност на оваа војна, на државната телевизија  Росија во […]

За време на руската окупација на Чернобил изчезнале 700 компјутери, 300 автомобили и 1.500 дозиметри


  Руската војска ѝ нанела штета на нуклеарната централа во Чернобил во износ од над 135 милиони долари, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на шефот на државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување, Евгениј Крамаренко. Според написот, Русите украле или уништиле 698 компјутери, 344 автомобили, 1.500 дозиметри, како и речиси целата противпожарна […]

Стотици руски војници биле отпуштени бидејќи не сакале да се борат во Украина


  Неколку стотици руски војници стационирани во близина на границата со Украина беа отпуштени на 4 март поради непочитување на наредбите, објави „Волстрит џорнал“, повикувајќи се на копија од документот за отпуштање. Наредбата ја потпишал командантот на воената единица, пишува во текстот. Весникот не дава други детали. Конкретно, не е наведен бројот на отпуштени воени […]

Петреус: Можно е над 20.000 руски војници да се убиени во Украина


Можно е над 20.000 руски војници да се убиени за време на конфликтот во Украина, изјави пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус. Тоа, според него, е „многу повеќе од загубата во деветте години во Авганистан“. На 25 март, руската проценка за загубата на свои војници изнесуваше 1.351 лице. Се наближува стоттиот ден од почетокот на руската […]

Уште двајца Руси признаа вина за воени злосторства во Украина


На второто судење за воени злосторства во Украина, два руски војника се обвинети за ракетни напади врз цивилни објекти. Руските војници Александер Алексејевич Иванов и Александер Владимировиќ Бобикин, на судењето во североисточниот украински град Котелево, се изјаснија за виновни. Доколку тие бидат осудени, може да добијат казна затвор до 12 години. Нивниот адвокат побара осумгодишна […]

Шокантно сведочење: руски офицери убивале свои ранети војници


  Руските команданти наводно ги убиваат сопствените ранети војници наместо да ги извлечат од бојното поле на лекување, изјавија заробени руски војници. Потполковник беше обвинет дека лично застрелал повеќе војници додека лежеле повредени, пишува „Дејли мејл“. Тоа се случува кога истрагите во ужасниот град Буча открија дека 650 цивили биле застрелани а не погодени од […]

„Тие беа бесни“: руски војници одбиваат да се борат во Украина


  Кога на војниците на елитната руска армиска бригада на почетокот на април им беше кажано да се подготват за второ распоредување во Украина, меѓу редовите избувна страв. Единицата, стационирана на далечниот исток на Русија за време на мирнодопски услови, првпат влезе во Украина од Белорусија кога започна војната на крајот на февруари и имаше […]

Страшна снимка на Си-Ен-Ен: Руски војници убиваат цивили во авто салон во Киев


  Руските војници застрелаа двајца невооружени цивили додека се оддалечуваа по конфликтот во предградијата на украинскиот главен град Киев. Си-Ен-Ен доби снимка од инцидентот, кој украинското обвинителство сега го истражува како воено злосторство. Двајцата цивили загинале по пукањето, што е спротивно на таканаречените правила на војна, кои забрануваат пукање во цивили. Си-Ен-Ен ги идентификуваше жртвите. […]

Украина: Нема повеќе руски војници во Суми


Руските трупи го напуштија регионот Суми во североисточна Украина, соопшти Дмитро Живјицки, началникот на регионалната администрација, пренесува ДПА. Живјицки на својот „Фејсбук“ статус посочи дека во регионот сега повеќе нема руски војници. Тој го информира локалното население дека доколку слушне експлозии, тоа е поради активностите што на терен ги спроведуваат спасувачките служби и деминерите за […]

Украина: Руските војници ограбуваа пред да се повлечат од предградијата на Киев


Продолжува делумното повлекување на руските сили од северниот дел на Киев и тие се движат кон границата со Белорусија, соопштија украинските власти. Во соопштението се истакнува дека руските војници пред да се повлечат ограбиле цивилни имоти. Според украинската армија во некои окупирани подрачја руските сили побарале од украинските фирми плаќањето да биде во рубљи. Во […]

„Нашите синови беа испратени во Украина како топовско месо“: гневни мајки на руските војници го обвинуваат Кремљ дека лаже


  Мајките на руските војници испратени во Украина го обвинија Кремљ дека ги користи нивните синови како топовско месо, откако на регионалниот гувернер му се испушти дека војниците биле испратени неподготвени за битка, пишува „Дејли мејл“. Се појави видео од моментот кога Сергеј Цивиев, гувернерот на регионот Кузбас во Сибир, случајно им открил на еден […]