Рубљата на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година


Руската рубља денеска го достигна најниското ниво од 24 март 2022 година, покажуваат официјалните податоци на руската Централна банка. Официјалниот курс на руската Централна банка денеска изнесуваше 102,58 рубљи за долар, односно над симболичниот праг од 100, додека еврото се менуваше за 107,43 рубљи. На падот на вредноста на рубљата влијае вчерашниот напад врз Украина […]

Ќе ја спаси ли рубљата: Централната банка на Русија ја зголеми референтната камата на 12 отсто


Управниот одбор на Централната банка на Русија (БР) денеска соопшти дека на вонредна седница ја зголемил референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 12 отсто. Аналитичарите претходно не ја исклучија можноста за зголемување на референтната каматна стапка за 100 до 350 базични поени, па ова зголемување на каматната стапка е на горната граница на прогнозата, […]

Турција почна да го плаќа со рубљи рускиот гас


  Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез денеска изјави дека Турција почна да плаќа дел од руските испораки на природен гас во рубљи. Анкара и Москва во септември се договорија гасот да се плаќа во рубљи. Донмез најави и конкретни планови за спроведување на рускиот предлог Турција да стане база за снабдување на Европа со руски гас и до […]

Путин не отстапува, бара рускиот гас да се плаќа во рубли


Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март очекува извештај од владата, централната банка и Гаспром за примена на упатството за примена на рубљата за плаќање на гасот што се испорачува на „непријателските земји“, објави прес-службата на Кремљ. Владата на Руската Федерација, заедно со Банката на Русија и јавното акционерско друштво Гаспром, треба да примени сет […]

Како Македонија ќе го плаќа гасот што доаѓа од Русија


  Компаниите увозници на гас во нашата земја, засега немаат добиено барање за промена на начинот на плаќање кој до сега се користел спрема извозниците од Русија, откако официјална Москва најави дека ќе бара овој енергент да се плаќа во нивната локална валута – рубљата. Од Народната банка велат дека до сега не е доставен […]

Јапонија не е сигурна како Русија ќе ја наплаќа енергијата во рубљи


Јапонија сè уште не е сигурна како Русија ќе го спроведе своето барање за плаѓање во рубљи за нејзината енергија продадена на „непријателските“ земји, изјави министерот за финансии Шуничи Сузуки. „Во моментов ја истражуваме ситуацијата со релевантните министерства бидејќи не разбираме точно која е намерата (на Русија) и како би го направила тоа“, рече министерот Сузуки […]

Барањето за плаќање на рускиот гас во рубљи е „раскинување на договорот“, предупредува Берлин


Германија во средата го критикуваше „раскинувањето на договорот“ откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за Европската унија.   Таквото барање „значи раскинување на договорот“, изјави министерот за економија Роберт Хабек на прес-конференција во Берлин.   „Сега ќе разговараме со нашите […]