Андреева го освои Ролан Гарос


Руската тенисерка Мира Андреева го освои Отвореното првенство на Франција 2026. Во финалето на „Ролан Гарос“, осмата светска тенисерка попладнево ја победи Маја Хвалинска од Полска во два сета, со 6:3 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 23 минути. Русинката сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше четири од седум брејк топки. […]

Како од бајка: На раб на депресија, не можеше да си дозволи хотел, а сега е во финалето на Ролан Гарос


Маја Чвалинска (24) стана првата жена во историјата на Ролан Гарос што стигна до финалето на турнирот од квалификациите. Кога утре ќе излезе на централниот терен против импозантната Мира Андреева, неверојатната полска тенисерка, тоа ќе биде нејзин десетти натпревар на овогодинешниот Ролан Гарос. Таа игра во Париз речиси три недели; од 18 мај, кога го […]

Тениска бајка: Од квалификации до финале на Ролан Гарос


Полската тенисерка Маја Хвалинска продолжува со изненадувањата на Ролан Гарос откако синоќа се избори за саботното финале. Таа со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4) за два часа игра ја совлада Дијана Шнајдер. Полската тенисерка во моментов се наоѓа на 114.место на ВТА листата и со пласманот во финалето влезе во тениската историја. Таа само […]

Нова сензација на Ролан Гарос! Сабаленка испадна уште во четвртфиналето


Руската тенисерка Дијана Шнајдер направи едно од најголемите изненадувања на овогодинешниот Ролан Гарос. Во четвртфиналето, таа ја победи светската тенисерка број 1 Арина Сабаленка со 3-6, 7-5, 6-0 по големиот камбек за да се пласира во полуфиналето на Парискиот гренд слем. Натпреварот на Централниот терен „Филип Шатрие“ беше обележан со исклучително тешки временски услови. Силните […]

Шок во Париз, Ѓоковиќ испушти 2:0, елиминиран е од Ролан Гарос


Деветнаесетгодишниот Жоао Фонсека направи сензација во шеснаесетфиналето на Ролан Гарос, нокаутирајќи го српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 4:6, 4:6, 6:3, 7:5, 7:5. Младиот Бразилец, кој моментално е на 30-то место во светот, го запре Ѓоковиќ во неговата потрага по 25-та титула на Гренд Слем по речиси пет часа игра. Во осминафиналето, тој ќе се соочи […]

Алкараз го пропушта Ролан Гарос поради повреда


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објави денеска дека нема да настапи на грен слем турнирот Ролан Гарос и на турнирот од Мастерс серијата во Рим поради повреда на десниот зглоб. „По резултатите од денешните тестови, донесовме одлука да бидеме претпазливи и да не учествуваме во Рим и Ролан Гарос, чекајќи понатамошен развој на настаните со повредата […]

Во битката на титаните механичката совршеност на Синер потклекна пред човечката генијалност на Алкараз


  На крајот, изгледаше сурово да се сака повеќе. Погледнете ја состојбата на овие мажи: изнемоштени и разбушавени, вовлечени на место на дивост и лудило, на ментална атрофија и физичка ужаснатост. Вие, од друга страна, ги поминавте последните пет и пол часа седејќи на вашиот кауч, јадејќи грицки и прејадувајќи се од најдобриот спортски театар. […]

Ѓоковиќ по испаѓањето од Ролан Гарос: Ова можеби е мојот последен натпревар тука


Јаник Синер се квалификуваше за финалето на Ролан Гарос. Тенисерот број еден во светот го победи Новак Ѓоковиќ во три сета во полуфиналето. За три часа и 17 минути игра беше 6:4, 7:5, 7:6(3). Во финалето, Синер ќе игра против Карлос Алкараз, кој претходно го нокаутира Лоренцо Мусети. Ѓоковиќ се распадна по натпреварот и одржа […]

Ништо од финалето на Ролан Гарос за Ѓоковиќ, загуби од Синер со 3-0


Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во големото финале на Ролан Гарос благодарение на победата од 3-0 во сетови над Новак Ѓоковиќ (Србија). Резултатот по сетови беше 6:4, 7:5, 7:6 (3). Синер во финалето ќе игра против Карлос Алкараз, кој денес го победи Лоренцо Мусети во првото полуфинале на Ролан Гарос.

Алкараз ќе игра во финалето на Ролан Гарос втора година по ред


Шпанецот Карлос Алкараз ќе игра во машкото финале на турнирот Ролан Гарос втора година по ред. Шампионот од 2024 година се квалификуваше за финалниот натпревар по 4:6, 7:6(3), 6:0, 2:0 и повлекувањето на неговиот противник Лоренцо Мусети од Италија. Натпреварот на теренот „Филип Шатрие“ во Париз беше многу интересен во првите два сета, но на […]

Гоф е втората финалистка на Ролан Гарос


Втората светска тенисерка, Коко Гоф се квалификуваше за финалето на Ролан Гарос. Американката ја победи надежта на домашниот тим Лоа Боасон со 6-1, 6-2 за 1 час и 12 минути во полуфиналниот натпревар. Натпреварот на теренот „Филип Шатрие“ во Париз не ги оправда очекувањата за спектакуларен натпревар, бидејќи Гоф доминираше во текот на целиот натпревар. […]

Сабаленка е прва финалистка на Ролан Гарос


Арина Сабаленка е прва финалистка на Ролан Гарос. Светскиот рекет бр. 1 славеше над шампионката на последните три турнири, Ига Швјонтек во три сета со 7:6(1), 4:6, 6:0. Сабаленка стигна до своето прво финале на Ролан Гарос и до своето шесто финале на Гренд слем турнирите, откако досега трипати играше за титулата на Австралија Опен, […]

Ѓоковиќ го победи Зверев и закажа полуфинале со Синер на Ролан Гарос


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доцна синоќа го победи Германецот Александар Зверев во четвртфиналето на Ролан Гарос со 4:6, 6:3, 6:2, 6:4. Натпреварот траеше 3 часа и 20 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше шест пати асови и и реализира 4 од 8 брејк топки. Неговиот противник имаше 4 асови, 1 двојна грешка и 1 конвертирана […]

Синер го победи Бублик во три сета и се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос


Светскиот рекет број еден Јаник Синер продолжи по потрагата на својата прва титула на Отвореното првенство на Франција со солиден настап и победа во три сета со 6-1, 7-5, 6-0 над Казахстанецот Александар Бублик за да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос. Успехот го направи Синнер првиот Италијанец со шест Гренд слем полуфиналиња, а […]

Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“


Грен слемот во Париз дојде до четвртфиналната фаза од која денес на програма се по два меча во машка и во женска конкуренција. Во четвртфиналето кај тенисерите денешните двојки се: Мусети (Италија) – Тијафо (САД)  Пол (САД) – Алкараз ( Шпанија). Утре ќе играат: Синер (Италија) – Бублик (Казахстан)   Зверев (Германија) – Ѓоковиќ (Србија). […]

Кој бил човекот по кој е именуван најпознатиот тениски турнир во светот?


Ужен Адриен Ролан Жорж Гарос (6 октомври 1888 – 5 октомври 1918 година) бил француски авијатичар и борбен пилот за време на Првата светска војна, познат по неговиот придонес во раната авијација и воената тактика. Роден во Сен Дени, Реунион, Гарос ги надмина раните здравствени тешкотии за да стане пионерска фигура во воздухопловството, чие наследство […]

Ограбен комплексот „Ролан Гарос“


 Во Париз е извршен грабеж на тенискиот комплекс „Ролан Гарос“. Француските медиуми објавија дека инцидентот се случил ноќта четврток кон петок. Сторителите на делото влегле во комплексот, и упаднале во неколку канцеларии. Украле 11 илјади евра готовина и накит од 20 илјади евра. Француската тениска федерација соопшти дека полицијата во моментов го истражува грабежот. Комплексот […]

Алкараз влезе во тениската историја по триумфот на Ролан Гарос


 Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Отвореното првенство на Франција за мажи за прв пат во својата кариера. Тој во финалето во Париз го победи Германецот Александар Зверев со 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2 по 4 часа и 20 минути игра. На тој начин, 21-годишниот Шпанец задржа совршен биланс во финалињата на Гренд слем […]

Ролан Гарос заврши за Ѓоковиќ


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото, соопштија денеска организаторите на турнирот. Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серудола со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3. На тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено.

Ролан Гарос: Во 3 часот по полноќ Ѓоковиќ извојува историска победа со неверојатен пресврт (видео)


Новак Ѓоковиќ го совлада Лоренцо Музети со 7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0 за осминафиналето на Ролан Гарос. Натпреварот траеше 4 часа и 28 минути. Почна Во саботата во 22:38 часот, а заврши во неделата во 3:06 часот. Тоа е досега најдоцна завршен меч на парискиот Грен слем. На Ролан Гарос никогаш не се играло после […]