Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу грчкиот остров Родос и турското крајбрежје


Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени беше регистриран во текот на ноќта во морскиот дел на 23 километри северно од грчкиот остров Родос и во близина на турското крајбрежје, а засега не се пријавени поголеми штети, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми земјотресот бил особено почувствуван на Родос, а жителите излегле […]

Активиран aмбер алерт: Две деца киднапирани на Родос


Исчезнувањето на двете малолетни деца кои очигледно биле киднапирани од нивната мајка било пријавено во полициската станица во Родос. Децата на возраст од 6 и 8 години исчезнале на 13 јули заедно со нивната мајка. Во Грција е активиран амбер алерт со цел да се трага по деца, за кои се верува дека се во […]

Силен земјотрес на Родос почувствуван и во Турција


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во морското подрачје, во непосредна близина на грчкиот остров Родос. Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри североисточно од градот Родос, на длабочина од 60 километри, јавува ТВ ЕРТ. Земјотресот е почувствуван и на брегот на Турција, вели Катимерини.

(Видео) Невреме со град и торнадо на Родос, луѓе заглавени во возила


Невреме придружено со град и торнадо го погоди грчкиот остров Родос. Поради високиот водостој на патот, граѓаните останаа заробени во своите автомобили. Пожарникарите со едно противпожарно возило утрово се обиделе да ослободат три лица кои останале затрупани во возилата, пренесува Телеграф. И синоќа Родос беше погоден од невреме. Во исто време, штета предизвика и торнадото […]

Превентивно евакуирање на грчките острови Крф и Родос


Пожарите на Крф и Родос повторно се разгореа, огнената стихија се доближи до населени места и затоа, превентивно се евакуирани две села, по едно на двата острови. Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на селото Луцес во североисточниот дел на Крф, како и до сите оние кои се наоѓаат во […]

Тројца македонски државјани ја контактирале Амбасадата откако пожари ја зафатија Грција, безбедни се на островот Родос


 Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос, информираа денеска од Министерството за надворешни работи. Од МНР потенцираат дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат […]

Се евакуираат хотели на грчкиот остров Родос, пожарот и понатаму вон контрола


Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, според локалните медиуми, превентивно се евакуираат жителите и туристите од приморските областите Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос поради големиот пожар што веќе петти ден е вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина.  Преку бројот 112 за […]