РК Алкалоид ги претстави новите играчи


Македонскиот ракометен суперлигаш Алклаоид денеска ги претстави тројцата нови играчи, кои во новата сезона треба да дадат дополнителна вредност на клубот од Автокоманда. Словенците Матиц Сухолежник, Нејц Цехте и Црногорецот Вуко Борозан, се новите имиња. Матиц Сухолежник има 31 година и игра на позицијата пивот и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. […]

РК Алкалоид поднесе жалба за судењето на натпреварот против ГРК Охрид


Ракометниот клуб Алкалоид ја информира јавноста дека до надлежните органи на Ракометната федерација на Македонија е поднесена официјална жалба поради сериозните судиски пропусти и крајно неконзистентното судење на натпреварот меѓу ГРК Охрид и РК Алкалоид. Средба се одигра вечерва во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во рамки на второто коло од плејофот во македонската […]

АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид


Барање, не само наше, туку и на сите оние кои навистина сакаат натпреварите да се одлучуваат на терен со услови на праведност и еднаквост, е да се презакаже второто финале и да се почитуваат прописите на Европската федерација, кои Алкалоид ги прекрши, а не АЕК, соопштија претпладнево од атинскиот клуб, јави дописничката на МИА од […]

Публиката е нашиот осми играч, да навиваме од срце и фер, апелираат од РК „Алкалоид“ пред реваншот со АЕК


Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, од раководството на македонскиот ракометен клуб порачаа дека навивачите се нивниот осми играч на теренот, апелирајќи да љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот клуб „Алкалоид“ да се покаже со фер и спортско навивање. „Да навиваме со срце, да […]

РК „Алкалоид“ ги пушти во продажба билетите за финалето со „АЕК“


РК Алкалоид информираше дека веќе се пуштени во продажба билетите за натпреварот РК Алкалоид и АЕК и ќе чинат 200 и 300 денари. „Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК што ќе се игра на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ се пуштени во продажба. Продажбата на билетите […]

Митев го предводеше Алкалоид до убедлив триумф на гостувањето во Охрид


РК Алкалоид одигра одличен натпревар и доминантно стигна до победата на своето прво гостување и прво дерби во новата сезона во Суперлигата. Предводен од репрезентативецот Марко Митев кој средбата ја заврши со девет погодоци, Алкалоид во „Билјанини извори“ забележа победа со 28:22 (полувреме 16:10). Ова беше втора победа од исто толку натпревари за РК Алкалоид […]

Општина Кисела Вода и РК „Алкалоид” го опремија кабинетот по информатика во ООУ „Круме Кепески”


  Општина Кисела Вода соопшти дека со донација од РК „Алкалоид” целосно е опремен кабинетот по информатика во ООУ „Круме Кепески”. Градоначалникот на Општината, Орце Ѓорѓиевски и претседателот на Ракометниот клуб „Алкалоид”, Горан Минов, заедно со други претставници од раководството на клубот, денеска го посетија ова училиште, каде компјутерската опрема е веќе поставена и подготвена […]

РК „Алкалоид“ ги претстави засилувањата за новата сезона и тренерот Кирил Лазаров


  Новиот суперлигаш, „Алкалоид“, денес ги промовира осумте нови ракометари, како и новиот тренер Кирил Лазаров. РК „Алкалоид“ минатата сезона избори настап во најсилната лига – Суперлигата, а оваа година амбициите на клубот се пласман во плејофот. Во новата сезона предводник на „Алкалоид“ ќе биде најдобриот играч во историјата на македонскиот ракомет и актуелен селектор […]