Казнети психологот, педагогот и секретарот на училиштето „Владислав Рибникар“


Психологот, педагогот и секретарот на ОУ „Владислав Рибникар“ каде на почетокот на мај беа убиени девет ученици и чувар, се санкционирани со намалување на платата за два месеци во износ од 20 отсто. Овие санкции се епилог од дисциплинската постапка што против тројца вработени ја покрена просветниот инспекторат на крајот на мај, а ја спроведе […]

Сослушано момчето кое го изврши масакрот во Белград, со него била и неговата мајка


Српското обвинителство денеска го сослуша Коста Кечмановиќ (14), момчето кое го изврши масакрот во белградското основно училиште „Владимир Рибникар“, при што уби девет ученици и еден обезбедувач, а тешко рани уште петмина соученици и еден наставник. Момчето било сослушано во рамките на истрагата што ја спроведува Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко Владимир […]

Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ се обидела да избега во Македонија


Миљана К., мајката на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ денеска била спречена кога се обидела со ќерката да ја напушти Србија, преку граничниот премин „Прохор Пчињски“, јавуваат српските медиуми. Да потсетиме, истрага беше покрената против Миљана К., мајката на малолетното момче убиец кој на крајот на минатиот месец уби девет негови врсници и чуварот […]

Норвешки психолози пристигнуваат во Белград, ја имаат истата задача како по масакрот на Брејвик


Тим од психолози, психотерапевти и архитекти од Норвешка, кои се справија со траумите на своите граѓани по масакрот на Андрес Брејвик кој уби 77 студенти, пристигна во Србија и ќе остане два дена. Тие денес има средба со претставници на Владата на Србија. Дојдоа да им помогнат на психотерапевтите кои работат со ученици, нивните родители […]

Да се разреши директорката на „Владислав Рибникар“ предлага инспекцијата


Српската просветна инспекција предложи да се разреши директорката на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, Снежана Кнежевиќ и управниот орган на таа институција каде на почетокот на мај ученик уби девет ученици и чувар. Инспекцијата предложила да се именува привремен орган на управување и да се именува в.д директор, соопшти денеска Министерството за образование на Србија. […]

Продолжува наставата во ОУ „Владислав Рибникар“, родителите бараат крај на учебната година


Во белградското ОУ „Владислав Рибникар“ продолжува наставата, дежураат шест полицајци, а родителите бараат крај на учебната година. Наставата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград каде беа убиени девет ученици на 3 мај продолжува денеска со скратени часови, без оценување, именување и со присуство на шест полицајци во училиштето во секоја смена, јавија белградските медиуми. Децата […]

Почина девојчето кое беше тешко повредено во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград


Пациентката која се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина утринава, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија. Таа починала и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое […]

Една недела по масакрот, учениците се враќаат во „Рибникар“


Една недела по невидената трагедија што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, учениците денеска треба да се вратат во училниците. Предлогот на струката е децата да се вратат на училиште, но има простор родителите да ја донесат конечната одлука, бидејќи состојбата на секое дете е индивидуална и сè уште не се подготвени […]

Учениците во Србија почнуваат со настава, „Рибникар“ уште без настава


Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен во ОУ „Владислав Рибникар“ каде беше извршено масовно убиство. Владините мерки стапуваат на сила, а од утрово распоредени се полицајци во сите 1.800 училишта во земјава кои ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, јави дописникот […]