„Охридски комуналец“ повеќе од 18 години работи со блокирана сметка, со раст на обврските и несоодветно користење на гориво


Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ повеќе од 18 години работи со блокирана сметка и основната дејност ја извршува со минимум парични средства. Ревизорите утврдиле сериозни неправилности во финансиското работење, со значителен раст на обврските и несоодветно користење на нафтените деривати.   – Во последното донесено решение кон крајот на 2023 година, кое се уште е во важност […]

Застарените информациски системи во УЈП ризик за безбедноста на податоците


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност – ревизија на информациски системи на тема „Ефективност на информацискиот систем во Управата за јавни приходи за администрирање на јавните давачки“, за да одговори на прашањето „Дали дизајнот на информацискиот систем на УЈП овозможува ефикасно, комплетно и одржливо управување со јавните давачки?“. Воспоставениот дизајн на информациски систем […]

Само за ПЦР тестови во приватното здравство биле прелеани најмалку 19,9 милиони евра, открива ДЗР во извештајот за ФЗО


  За три години, од граѓаните во приватното здравство, само за ПЦР тестови се прелеани најмалку 19,9 милиони евра, открија ревизорите од Државниот завод за ревизија во објавениот извештај за работењето на Фондот за здравствено осигурување. Ревизорите како клучни слабости на системот ги посочуваат и неажурираната  листа на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО. […]

ДЗР објави ревизорски извештаи за Собранието


Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска на својата на веб-страницата ги објави ревизорските извештаи за Собранието на Република Северна Македонија, поточно три сметки. Од ДЗР информираат дека за ревизорскиот извештај на Собранието, сметката за буџет на донација – Програма за поддршка на Парламентот (785- 60) изразиле мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и […]

ДЗР: Зголемените приходи на Фондот за ПИО не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година


Зголемените приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на социјални бенефиции за 2020 година, кои се одвојуваат од Буџетот на државата и учествуваат со 38,4 отсто во вкупните приходи во Фондот за ПИО. Ова го посочува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во конечниот ревизорски извештај на […]

Службата за заеднички работи на Владата без соодветна евиденција и попис, оценија ревизорите


Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на усогласеност на тема „Попис на средствата, побарувањата и обврските на Службата за заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија“. Како клучни утврдени состојби од ДЗР ги посочуваат: не се воспоставени внатрешна евиденција на недвижни ствари кои ги користи СОЗР и […]