Потврда за отчетноста и отвореноста: „Реплек“ ја освои наградата за најтранспарентна компанија на Македонската берза


„Реплек АД Скопје“ годинава е добитник на престижната награда „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво, по избор на медиумите, што традиционално ја доделува Македонската берза за хартии од вредност. Ова признание се врачува на крајот на годината и ја означува доследната, отворена и квалитетна комуникација на компаниите котирани на берзата, како и високите стандарди […]

„Реплек“: Успешна 2024 година со рекорден раст на приходите во фармацевтскиот сегмент


Во текот на 2024 година компанијата Реплек АД го задржа трендот на пораст на приходите од продажба забележан претходните две години, надминувајќи ги проектираните цели од годишниот бизнис план со реализација од 100,5%. За периодот од 1. јануари до 31. декември 2024 година, остварени се вкупни приходи од продажба од 1.919,6 милиони денари (31,2 милиони […]

Продолжуваат позитивните финансиски резултати на „Реплек“ во првото полугодие од 2024 година


  „Реплек АД“ во целост го реализираше предвидениот план за продажба во првата половина од 2024 година, забележувајќи раст на остварените приходи од продажба во сегментот „Фармација“ од 20,5% во однос на истиот период минатата година. Истовремено, компанијата успешно продолжува да го реализира бизнис планот за 2024 година и во останатите сегменти, вклучувајќи ги инвестициите […]

„Реплек“ со раст на приходите од продажба од 20 отсто во првата половина од 2024


„Реплек АД“ продолжува да бележи позитивни резултати од своето работење. Во првите шест месеци од годината вкупните остварени приходи од продажба во сегментот фармација изнесуваат 13,6 милиони евра, што е за 20% повеќе во однос на приходите остварени во истиот период минатата година, соопштија од компанијата. Растот на приходите од продажба е со нагорен тренд […]

„Реплек“ стартува иновативна платформа за добросостојба „РЕсет“:  работилници, настани и едукација за подобро здравје


Симбиозата на добра физичка и ментална состојба е формула за здравје и добросостојба. Главен предизвик во модерниот начин на живот е како да се одржи здравјето и добросостојбата на телото и духот. Како компанија која сака да иницира промени и да ја менува деловната и општествената култура, „Реплек АД“ започнува нова платформа „РЕсет” за поттикнување […]

Унгарија е новиот пазар на „Реплек“ – продолжува зајакнувањето на извозните позиции на пазарот на ЕУ


„Реплек“ АД Скопје ги зајакнува позициите на престижниот и пребирлив пазар на Европската Унија. Еден од најпродаваните фармацевтски производи „Ибупрофен“ веќе е достапен на пазарот во Унгарија. Стручните тимови на компанијата работат на зајакнување на позициите на овој пазар, а се разгледуваат и можностите за зголемување на извозното портфолио и на други пазари во ЕУ, […]