Кралот Чарлс: Важно е да се разбере историјата на Британската империја која вклучуваше ропство


Британскиот крал Чарлс Трети денеска на Самитот на Комонвелтот во Самоа изјави дека е многу важно да се разбере историјата на Британската империја, која вклучувала ропство на африканските, карипските и другите народи, со цел, како што наведе, во иднина да се донесат правилни одлуки. Кралот Чарлс ова го изјави на самитот на Комонвелтот, на кој […]

Берлин го одбил барањето на Полска за репарации од Втората светска војна


  Полските власти денеска соопштија дека Германија ги известила дека нема намера да влегува во преговори за какви било репарации (компензации) за Втората светска војна, бидејќи Берлин смета дека прашањето е затворено. Полското Министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека апелирало до ОН за поддршка за добивање компензација за претрпените загуби од 1.300 илјади […]

За Песков, резолуцијата на ОН за репарациите за Украина е „формализирање на грабежот“


  Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека резолуцијата на Генералното собрание на ОН за репарациите за Украина е „формализација на грабежот“ на руските златни и девизни резерви. -Се разбира, организаторите на овој процес се обидуваат да го завршат грабежот на нашите златни и девизни резерви, што се целосно незаконски блокирани. Всушност, тоа е […]

Полска усвои извештај со кој од Германија може да бара 1.300 милијарди евра воени репарации


Полска претрпела штети во износ од над 1,3 билиони евра (1.300 милијарди) за време на Втората светска војна, се посочува во извештајот на полската парламентарна комисија, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија. Заклучоците од извештајот денеска ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда” Јарослав Качински, кој […]

Полска следната недела ќе поднесе извештај во кој ќе бара репарации од Германија за Втората светска војна


Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за пустошот што и го нанесе на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава. Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, […]

Украина од Судот во Хаг бара создавање посебна сметка во ЕУ за Русија да плаќа репарации


Украина инсистира на отворање посебна сметка во ЕУ, на која Русија ќе добива средства за испорачаните гас и нафта, а кои ќе се проследуваат во Киев и ќе се користат за обновување на економијата на Украина, јави Укринформ. – Работиме на создавање преседан во плаќањата и акумулирање на парите што сега се исплаќаат на Русија […]

Зеленски им порача на Русите да проучат што значат „репарации“


  Одбранбените линии се спротивставуваат на руските напади, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето во четвртокот, додавајќи дека руското гранатирање не престанало од полноќ. „Не можеме да изгубиме ништо освен нашата слобода“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина секојдневно добива испораки со оружје од меѓународните сојузници. Зеленски истакна дека пред две години Украина го […]