По двете сообраќајки ќе се изработува дополнителна документација за експресниот пат Ранковце-Крива Паланка


По недамнешните сообраќајни несреќи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), презема активности за да се изработи дополнителна сообраќајна проектна документација на експресниот пат со што ќе се зголемат мерките и ќе се подобри безбедноста на учесниците на сообраќајот. Поради специфичноста на експресните патишта од ЈПДП посочуваат да се […]

Eкспресниот пат Ранковце-Крива Паланка се очекува да биде завршен до Нова година


  До Nова година очекувам експресниот пат Ранковце – Крива Паланка да биде завршен. Се гради во два лота и едниот е завршен  околу 71 отсто, вториот – 91 отсто, рече при денешниот увид во работите на терен mинистерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски […]

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка ќе се изгради побрзо, ако се деблокира законот во Собранието


Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и го повикаа Собранието да го изгласаат законот за грант […]

Работник повреден на изградба на патот Ранковце – Крива Паланка


Повреден е 63- годишен работник кој работел на изградба на новиот, експресен пат Ранковце – Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, Сектор за внатрешни работи Куманово, во текот на вчерашниот ден шеесет и три годишен маж бил повреден на работното место при што поради истите бил однесен во болница. […]

Изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка има вистинска динамика


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми извршија увид на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, значајна патна артерија од Коридорот 8, еден од паневропските коридори. Должината на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е 24,5 километри, […]