Франција ги испрати „Рафалите“ во своите воени бази во Емиратите


Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во Обединетите Арапски Емирати со задача да ги заштитат своите воени бази во областа, потврди вчера министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро. „Тие спроведоа операции за безбедност на воздушниот простор над нашите бази“, изјави Баро за телевизијата BFMTV. Министерот не даде дополнителни детали за мисиите, како и дали имало потреба […]

Франција ќе испрати три авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор


 Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека ќе испрати три авиони-ловци „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и на Источна Европа. Тој додаде за тоа разговарал и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со британскиот премиер Кир Стармер. – Нема да попуштиме пред растечкото заплашување на Русија, посочи Макрон. Руски беспилотни […]

Акциите на производителот на „Рафал“ паѓаат, оние на кинеските авиони за Пакистан растат


Француската компанија „Дасо Авиејшн“, производителот на борбениот авион „Рафал“, забележа пад на акциите за 3,3 проценти за два дена откако Пакистан соопшти дека соборил неколку индиски воени авиони, вклучувајќи и еден „Рафал“, за време на неодамнешната прекугранична ескалација. Вредноста на акциите на францускиот гигант падна од 331,2 евра (373,8 долари) во вторник на 320,2 евра […]

Макрон ќе оди во Србија, тема продажбата на авиони Рафал


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „во следните недели или месеци“ има намера да ја посети Србија, каде што планира да ги финализира преговорите за воените договори, вклучително и договорот за продажба на авиони Рафал на Белград. Како што пренесе Политика, Макрон рече дека имал „исклучително плоден“ разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ за „економски, […]

Директна споредба: Кој авион е подобар, хрватскиот Rafale F3-R или српскиот MiG-29SM


Сега, кога хрватското воздухопловство има шест нови ловци за заштита на своето небо, се поставува прашањето колку се добри или подобри Rafale F3-R во споредба со српските ловци MiG-29SM. Споредувањето на борбените авиони е честа тема, често неблагодарна, но има примери во кои е повеќе од очигледно кога еден борбен авион е супериорен во однос […]

Кој е подобар: Хрватскиот „Рафал Ф3-Р“ или српскиот „Миг-29СМ“?


  Споредувањето на борбените авиони е честа тема, честопати неблагодарна, но има примери во кои е повеќе од очигледно дека едниот борбен авион е супериорен во однос на другиот. Имајќи го ова на ум, почнавме да ги анализираме многуте карактеристики на хрватските „Рафал Ф3-Р“ и српските борбени авиони „МиГ-29См“. Еве ги критериуми за да видиме […]

Моќните борбени авиони „Рафал“ слетаа во Хрватска, еве како изгледаат


Првите шест од вкупно 12 повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ слетаа денеска во Хрватска. Пилотите ги пречекаа членови на хрватскиот државен врв, меѓу кои претседателот Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ. Авионите „Рафал“ полетале од воздухопловната база во Бордо и влегле во хрватскиот воздушен простор западно од Ровињ. Летот траеше еден […]

Србија ќе купува ескадрила борбени авиони „Рафал“ од Франција


Во вториот ден од официјалната посета на Париз, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, имаше разговари за наменската индустрија и одбраната, како и за подобрување на економската соработка со француските компании, а постигнат е договор за купување на ескадрила борбени авиони „Рафал“, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ изјави дека синоќа имал многу добар разговор […]

Хрватска го презема првиот „рафал“


Во француската воздухопловна база Мон-де-Марсан денеска ќе се одржи свечена церемонија на предавање на првиот повеќенаменски борбен авион „рафал“ во Хрватска, односно пренос на сопственоста меѓу Француската Република и Република Хрватска, соопшти Министерството. на одбраната. Во пресрет на предавањето на авионот „рафал“ на Хрватска, припадниците на француското воздухопловство и вооружените сили на Република Хрватска ги […]